fbpx

Анкета: 83,7 отсто од младите би се иселиле од Македонија

-

Високи 83,7 отсто од младите во Македонија сакаат да се иселат од земјата. Две третини од нив, односно 52,4 отсто, би се иселиле во некоја од заподноевропските држави, речиси 12 отсто во САД и во Канада, а во некоја од скандинавските држави би се иселиле 10,3 отсто од испитаниците.

Ова го покажува анкетата на НВО Инфоцентар во партнерство со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), здружението „8 Септември“ и Центарот за развој на медиуми, спроведена во периодот ноември 2015 – јануари 2016 година, помеѓу 503 испитаници на возраст од 20 до 35 годни во сите осум плански региони во Република Македонија (Скопски, Вардарски, Источен, Североисточен, Пелагониски, Полошки, Југозападен и Југоисточен).

Истражувањето покажува дека 63,4 отсто од вкупниот број испитаници не се задоволни од вработувањето, здравството, образованието, инфраструктурата, животната средина во општините во кои живеат. Најнезадоволни се младите од Пелагонискиот Регион – 51,7 отсто и оние од Североисточниот Регион – 40,4 отсто.

Заради работата, најмногу би се иселиле младите од Полошкиот Регион – 48,8 отсто и од Југоисточниот Регион 48,1 отсто. За младите од Пелагониско (51,4 отсто) и од Источниот Регион (50 отсто), најсериозна причина поради која би се иселиле е општествената ситуација, односно партиските вработувања и целокупната политичка состојба во која се наоѓа државата. Економската стабилност е клучна причина за иселување за 35,3 отсто од младите во Вардарскиот и за 33,3 отсто од младите испитаници во Скопскиот Регион.

Според анкетата, најголемиот дел од младите луѓе, 76,9 отсто, иако се на возраст кога може и треба да се осамостојат, сè уште живеат во заедница со своите родители.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...