fbpx
Таг: истражување

таг: истражување

Младите во регионот имаат негативен став кон имигрантите

Младите од земјите од Западен Балкан имаат негатив став кон имигрантите иако повеќето од нив никогаш не биле во контакт со некој имигрант. Главна причина за негативните ставови што младите ги имаат кон имигрантите е негативната перцепција кон исламската религија. Тоа го покажа истражувањето за перцепцијата и за ставовите на младите за исламофобија и за радикализација, кое е спроведено преку интернет во периодот...

Според „Еуробарометар“, Македонија се движи во лоша насока, а влезот во ЕУ е добра работа

Граѓаните на Македонија сметаат дека државата се движи во лоша насока, дека членството во ЕУ ќе биде добра работа, се чувствуваат приврзани за државата и многу ретко посетуваат земји од ЕУ, покажува најновото истражување на „Еуробарометар“. На прашањето „Дали мислите дека државата се движи во добра насока или во лоша насока?“, 34 отсто од испитаниците одговориле дека таа се движи...

„Еуробарометар“: Македонските граѓани не им веруваат на судството, полицијата и на партиите

Македонските граѓани имаат најмала доверба во правосудниот систем, полицијата, јавната администрација, владата, парламентот и во политичките партии, покажува најновото истражување на јавното мислење на „Еуробарометар“. Единствено, повеќе од 50 отсто од граѓаните имаат доверба во Армијата (51 отсто) и во Европската Унија (53 отсто). Истражувањето е спроведено во мај оваа година, односно пред формирањето на новата влада, а е објавено минатиот...

План за намалување на институционалната затвореност во Македонија и во регионот

„Сеопфатен план за добро владеење за државните институции во Република Македонија“ е најновото издание изработено врз основа на истражувањето за степенот на отвореност на институциите во шест земји од регионот во рамки на проектот АКТИОН СЕЕ - Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа, кој го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. За да се измери...

„Брима“: Мнозинството граѓани сметаат дека била потребна промена на власта

Доверба во новата влада имаат 57 проценти од граѓаните, а 37 отсто гледаат со недоверба на идното работење на владата. Најголема доверба на владата ѝ даваат етничките Албанци, односно 71 отсто, а најмалку доверба имаат етничките Македонци, односно 51 процент, покажува новата анкета на „Брима Галуп“, спроведена од 2 до 12 јуни. Истражувањето покажува дека на Македонија ѝ била потребна...

Презентирано истражувањето „Кој им ги врзува рацете на новинарите и како да се одврзат?“

Затвореноста на институциите кога од нив ќе се побараат информации е еден од најгорливите проблеми со кои се соочуваат новинарите од земјава, а особено истражувачките новинари, и е директно прекршување на правото на слобода на информирање. Иако од 2006 година на сила е Законот за пристап до информации од јавен карактер, тој честопати се изигрува од институциите кои сакаат да сокријат...

Укажувачите на корупција на Балканот ги сакаат малку, а во Македонија – најмалку

Укажувачите на криминал и на корупција (whistleblowers) не се популарни, односно ја немаат поддршката ниту од граѓаните во земјите од Западен Балкан, а најмалку во Македонија, покажува истражувањето спроведено во седум земји, врз 7.000 испитаници, поддржано од Регионалниот совет за соработка (РСС) со седиште во Сараево. Истражувањето, кое е прво од ваков вид, е спроведено во Албанија, Босна и Херцеговина,...

По Брексит околу 12.000 лекари би можеле да ја напуштат Британија

Околу 12.000 лекари, кои дипломирале во Европската економска зона, може да ја напуштат Велика Британија бидејќи чувствуваат помала сигурност за својата иднина по референдумот за Брексит, покажа истражувањето на „Британската медицинска асоцијација“. Весникот „Гардијан“ пишува дека истражувањето, кое се темели на одговорите на 1.193 лекари, предизвика страв дека недостигот од специјалисти во британските болници може да се продлабочи. Четириесет и два проценти од...

ИДСЦС: 77 отсто од граѓаните се за влез на Македонија во ЕУ

Доколку следната недела се одржи референдум за влез на Македонија во Европската Унија, за влез би гласале 77 отсто од граѓаните, а против 17 отсто, покажува анкетата спроведена во ноември минатата година од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ во рамки на проектот „Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2014-2016)“ Според истражувањето, доколку се изземе...

Судиите некритички одредуваат притвор бидејќи е ефтин

Македонските судови имаат унифицирана тарифа или сума за тоа колку чини еден ден поминат во притвор, а која се движи од 2.500 до 3.500 денари (40 - 50 евра), беше истакнато на денешната презентација на истражувањето на „Неосновано притворени - правни и буџетски импликации“, што се одржа во ЕУ-Инфоцентарот во Скопје. „Сознанието дека 'цената' за ограничување на слободата во Република...

Анкета на „М-проспект“: Загадувањето на воздухот треба да го реши Владата

Дури 82 отсто од граѓаните на Македонија сметаат дека загадувањето на воздухот е многу сериозен проблем и дека треба веднаш да се преземат мерки за решавање. Ова го покажува истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „М-проспект“. Според анкетата, главен причинител за загадувањето на воздухот, за мнозинството граѓани, односно 31,5 отсто од испитаниците, е сообраќајот, на второ место е индустријата со 24,9...

Со „Математичка дебата“ против незнаењето на учениците

Како најдобро се учи математика, беше предмет на „Математичката дебата“ што денеска се одржа на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, со професори и со наставници од Македонија, Бугарија, Романија и од Кипар. Управувачкиот комитет на меѓународниот проект во наредните две години треба да понуди нови методи и електронски дебати за тоа како најлесно да се изучува математиката. Оваа иницијатива...

БИРН: Странците инвестирале седум пати помалку од најавеното

Странските инвеститори инвестирале седум пати помалку од најавеното и отвориле три пати помалку работни места отколку што ветиле, покажува базата на податоци  „Странски инвестиции под лупа“ изработена од новинарскиот тим на БИРН Македонија. Истражувањето опфатило 138 инвестиции што биле најавени или промовирани од Владата во период од 2007 до 2016 година. Тоа покажува дека дури 43 од најавените странски инвестиции...

Истражување: Во Македонија германската плата вреди двојно повеќе

Македонија и другите земји долж балканската магистрала (Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора) се најевтини за живот и во нив германски државјанин за истите пари што во својата земја ги троши за основни работи, може да добие двојно повеќе. Ова го покажува обемното истражување на Институтот за економски и општествени науки од Диселдорф, кој ги анализирал статиските на...

Парите на македонските даночни обврзници завршуваат како добивка на странските фирми

Во периодот од 2007 до 2015 година, потрошени се вкупно 159 милиони евра за привлекување или поддршка на странските директни инвестиции, се вели во истражувањето „Вистинската цена на евтината работна сила: Политики за привлекување на странски директни инвестиции во Македонија, 2007-2015“ на Институт за општествени и хуманистички науки, кое беше објавено денеска. Анализирани се 25 фирми кои имаат добиено државна помош, чијшто...

Алармантно загрозени новинарските слободи во земјите од Западен Балкан

Законите за медиумите во земјите од Западен Балкан се усогласени со европските стандарди, но нивната примена е лоша, што довело до алармантно загрозување на новинарските слободи и до влошување на социјалната и на економската положба на новнарите, покажува истражувањето за слободата на медиумите и за безбедноста на новинарите во земјите од Западен Балкан, спроведено од членови на новинарски здруженија...

Кризата го намалила богаството и заштедите на Грците за речиси 600 милиони евра

Секое грчко домаќинство изгубило 67.703 евра во периодот од економската криза во последните девет години, пишува грчкиот весник „То вима“. Според анализата на весникот, домашниот бруто-производ на државата се намалил за 57 милиони евра, а вкупното богатство и имот на Грците се намалени за 587 милиони евра. Ако во 2007 година вкупната вредност на целокупниот имот и финансиска заштеда на секое домаќинство...

Предизборни анкети смеат да се објавуваат до 6 декември

Анкетите што покажуваат во која насока се движи јавното мислење во предизборниот период и колкав е рејтингот на политичките партии, според Изборниот законик, смеат да се објавуваат најдоцна пет дена пред денот на изборите, односно до 6 декември. Резултатите од испитувањата на јавното мислење спроведени на самиот ден на изборите, пак, не смеат да се објавуваат пред 19 часот, односно пред...

Повеќе од 50 проценти од младите сакаат да ја напуштат државата заради вработување

Стапката на невработеност на младите во Македонија изнесува 52,9 проценти, што ја рангира земјата на трето место на светската листа, покажува истражувањето „Невработеноста на младите луѓе во Република Македонија“ што го спроведе Фондацијата „Фридрих Еберт“ годинава. Истражувањето, покрај тоа, покажало дека повеќе од 60 проценти од младите над 18 години сметаат дека тешко ќе најдат работа во земјава. - Личните и политичките врски се...

Фридман анализираше 130.000 зборови од „бомбите“: Многу турцизми и уличен говор

Прислушуваните материјали, односно, „бомбите“ што минатата година СДСМ ги обелодени во јавноста, беа предмет на научно лингвистичко истражување од еден од најпознатите македонисти во светот, Виктор Фридман. - Истражувањето е извршено само од лингвистичка гледна точка, без разлика дали материјалите што ги разгледував се вистинити или не. Ова е ретка можност да се собере соодветен материјал што ќе даде релевантни податоци за неформалниот говор во Македонија -...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...