fbpx

ИРИ не планира предизборна анкета за рејтингот на пaртиите во Македонија

-

Меѓународниот републикански институт (ИРИ) кој прави неколку истражувања на јавното мислење во текот на годината на повеќе теми, нема најави за предизборна анкета за рејтингот на политичките партии во Македонија.

– Засега немаме во план анкета која би ја објавиле пред претстојните парламентарни избори, кои се закажани на 11 декември – вели Илина Мангова, претставник од ИРИ во Македонија.

Анкетите на ИРИ важат за едни од најточните и најрелевантните анкети кога станува збор за рејтингот на политичките партии и за рејтингот што го имаат нивните лидери. Од институтот прават истражувања два-трипати годишно со исти прашања кои кога ќе се погледнат споредбено по години можат да се забележат тенденции на пораст или опаѓање во одделни сектори. Во 2014 година, кога беа последните парламентарни избори во Македонија, ИРИ објавија четири анкети.

Последните четири анкети на ИРИ на кои беше објавен и рејтингот на политичките партии, беа спроведени во април и во јануари оваа година, и во јуни и во февруари минатата година.

tablea2

Последната анкета на институтот ИРИ беше објавена на 9 јуни, а спроведена од 19 до 25 април. Според истражувањето, 27 отсто од испитаниците би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 18 отсто за СДСМ, 23 биле без одговор, за ДУИ се одлучиле 6 отсто, за ДПА 3 отсто, а ливчето би го поништиле 9 отсто од анкетираните.

Таа анкета покажа дека 55 отсто од граѓаните сметаат дека поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не си ја завршува добро својата работа и не заслужува реизбор, а 33 отсто сметаат дека заслужува повторно да се најде на таа функција.

Поддршката за реизбор на Груевски на 33 отсто падна дупло во споредба со поддршката од 66 отсто, колку што имаше во анкетата на ИРИ во 2008 година.

Сепак, иако со намалена поддршка, според последната анкета на ИРИ, најдобар рејтинг од политичарите имаше Никола Груевски, за кого се одлучиле 21 отсто од испитаниците, додека за Зоран Заев беа 9 отсто, а за Али Ахмети – 4 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...