fbpx

Модулот „Филе“ открил органски молекули на површината на кометата

-

Модулот „Филе“ детектирал органски молекули на површината на кометата „67P/Чурјумов-Герасименко“, соопшти тимот научници.

Според нив, анализите покажале дека модулот открил органски молекули кои би можеле да ги претставуваат некои од основните хемиските соединенија од кои еволуирал животот на Земјата. Останатите анализи покажуваат дека површината на кометата е покриена со мраз и со тенок слој прашина со дебелина од 10 до 20 сантиметри.

Главниот истражувач, д-р Фред Гоесман, изјави дека тимот сè уште се обидува да ги толкува резултатите и дека сè уште не е утврден составот на молекулите и нивната комплексност.

На 15 ноември, по 57 часа поминати во научни експерименти, батериите на „Филе“ откажале, бидејќи до неговите соларни панели не стигнува доволно сончева светлина.

Тимот научници се надева дека „Филе“ повторно ќе се „разбуди“ и ќе воспостави контакт со истражувачите, кога кометата ќе се доближи до Сонцето, во текот на наредните денови, и кога модулот ќе добие доволно сончева светлина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...