Стокхолм е прогласен за најпаметен град

Стокхолм, Лондон, Париз, Сингапур и Копенхаген се градови со најголема зрелост во сегментот на информатичките технологии и телекомуникации, покажа истражувањето што го изврши компанијата „Ериксон“.

Истражувањето рангира 40 градови и ја мери нивната зрелост во сегментот на информациските технологии, односно влијанието на ИКТ-инвестициите на економските и на општествените услови и на развојот на животната средина.

Во годинешниот извештај, додадени се девет нови градови – Берлин, Минхен, Барселона, Атина, Рим, Варшава, Мускат, Абу Даби и Дубаи.

Еден од заклучоците на извештаите е и дека градовите со низок степен на зрелост во ИКТ, покажуваат тенденции на многу побрзо подобрување отколку високо развиените градови.