Над 5.000 студенти од земјава се во странство; Даути: Кај нас е потежок патот до успехот

„Во Северна Македонија студентите не се вреднуваат за нивното работење, туку спротивно, и затоа патот кон успехот уште повеќе им се отежнува“, вели студентката Фиснике Даути во интервју за Порталб.мк, и објаснува неколку причини поради кои одлучила да студира во странство и за плановите за враќање. Официјално, има 5.704 студенти од РСМ кои се наоѓаат низ светот, пишува Порталб.мк.

Над 5.700 млади од Северна Македонија по завршување на средното образование ја напуштиле земјата за да студираат надвор, се вели во извештајот на една од најкредибилните организации во светот, УНЕСКО, Организацијата за Образование, Наука и Култура на Обединетите Нации.

Ова недела Порталб.мк имаше интервју со студентката Фиснике Даути, која моментално студира на Медицинскиот факултет во Турција. Даути истакна дека таму во моментов се чувствува добро, поради квалитетното образование и затоа што е ценета.

„Северна Македнија ја напуштив лани. Заминав во Турција за да студирам медицина. Мислам дека условите се подобри. Образованието е поквалитетно и ве ценат согласно сработеното. Нема лажење на испити“, рече Даути.

Патот до успехот кај нас, според неа, покрај тоа што е тежок, тој е двојно потежок и поради различните неправди и неправилното оценување од страна на наставниците и академскиот кадар.

„Според мене, тоа што не е во ред со образованието во нашата земја, во повеќето случаи, е што не се цени трудот на ученикот. Наместо да му го олеснат работењето и да му се помогне во неговото студентско патување, да му се помогне да стане професионалец во неговото занимање, како што сум слушнала, тоа патување станува се потешко. Во неговиот тек често ученикот ја губи мотивацијата за да постигне успех и да стане некој. И затоа, кога не го наоѓате тоа нешто во својата земја, се обидувате да изнајдете начини како да го добиете во друга држава. Бидејќи, човек оди таму каде што чувствува дека неговиот труд се цени“, изјави Даути.

Меѓутоа, таа вели дека посакува да се врати во земјава веднаш по студиите, со цел да придонесе во подобрувањето на актуелната ситуација.

„Штом ги завршам потребните студии за специјализирање во мојата струка, размислувам да се вратам, зошто сакам да дадам придонес во мојата земја. Сакам да помогнам РСМ да се подобри, да ја направиме подобра. Иако е очигледно дека е потребно многу да се работи. Со решителност и храброст, со заедничко залагање мислам дека можеме да ја направиме државата поуспешна и поквалитетна“ , додаде Даути.

РСМ инвестира, другите држави имаат ќар

Над 5.700 студенти студираат во странство. Северна Македонија, преку даноците на граѓаните, секоја година троши милијарди денари за учениците во основно и средно образование, но и на факултетите за спроведување на образовниот процес. А, од кадрите во кои вложила, очекува во иднина да се вклучат во државниот систем каде ќе придонесат за матичната држава. Меѓутоа, дел од нив, веднаш по завршување на средното образование, заради нивната желба од отворање на перспективи, преку разни државни стипендии, на различни факултети, но и со приватни средства заминуваат од државата за да студираат, а потоа и да се вработат во странство. Ова на државата и нанесува финансиски трошоци, бидејќи подготвила кадар којшто ќе го користи друга држава, без да инвестира било што во нив.

Студентите на РСМ студираат во многу земји во светот, а најмногу во Турција, Бугарија и Словенија.

Државата губи пари за секој студент што ја напуштил

Според извештајот на УНЕСКО, студентите што заминале немаат желба да се вратат во матичната земја и ова оди на штета на државата, бидејќи таа плаќала наставници и професори за тие да се образуваат, им обезбедила учебници, греење, обуки и сѐ што е потребно за нивното образование. А, земјата во која заминале да студираат ги примила како кадар со одредена подготвеност каде што после високото образование ќе бидат способни да работат за таа држава што не вложила во нив.

Веројатно една од причините зошто заминуваат, според тоа што го истражувавме, е неквалитетното образование. Според истражувањето, студентите кои без да учат ги купуваат темите за дипломски и магистерски трудови, имаат еквивалентна диплома со квалитетниот кадар што го завршил образованието. Нашите анализи покажуваат дека  над 13.413 огласи за купо-продажба на магистерски тези и диплома се моментално активни на една од страниците за е-трговија во Северна Македонија. Цените се разликуваат во зависност од барањето, до 500 евра, а ако имате среќа, може да станете магистер и за само 150 евра.

Државата „спие“ во однос на овој феномен. Ниту еден од илјадниците огласи не е забележан од страна на инспекторите за образование во земјава. Ова не е регулирано ниту со позитивните закони, а граѓанското општество и експертите за образование, алармираат дека оваа ситуација може да доведе до тотално деградирање на образованието.