Глобалното истражување на „Прајсвотерхаус Куперс“ (PwC’s Annaul Global CEO Survey) помеѓу повеќе од 5.000 извршни директори бележи рекордно високо ниво на оптимизам дека глобалниот економски раст по пандемијата со ковид-19 ќе продолжи во 2021.
Околу 64 отсто од извршните директори во Централна Источна Европа (ЦИЕ), кои одговорија на истражувањето, се уверени дека следи глобално економско возобновување. Според нив, тоа ќе биде овозможено од продолжување на дигитализацијата на компаниите поттикнато од пандемијата, што ветува продуктивност и други деловни придобивки, но исто така го зголемува ризикот од сајбер напади и ширење дезинформации.
Иако извршните директори повеќе веруваат во изгледите за зголемување на компаниските приходи, вознемирени се поради траекторијата на пандемијата, несигурноста на даночната и регулаторната политика и, во малку помала мера, климатските промени.
„Делот за извештаи на извршни директори на Северна Македонија открива неколку интересни корелации и еден сосема спротивен тренд со извештајот за истражувањето на Глобалниот извршен директор. Меѓу темите за пандемијата кои се доминантни и сепак силен оптимизам за закрепнување со ефикасноста на работењето, зачудувачки е што поголемиот дел од компаниите во Северна Македонија не ги разгледуваат одржливоста и иницијативите за заштита на животната средина како дел од нивните долгорочни инвестициски заложби. Тоа е силен индикатор за недостаток на свесност за улогата и одговорноста на бизнисот во решавањето на проблемите со климатските промени. Ние можеме подобро,“ вели Боријан Борозанов, управител на фабриката „Џонсон Мети“ во Северна Македонија.
Иако се чини дека е очигледна глобалната надеж за закрепнување, извршните директори во Северна Македонија покажале трипати поголема загриженост дека глобалниот економски раст ќе се намали (31 отсто наспроти 13 отсто на глобално ниво).
„Повисоко ниво на економски развој на нашата економија ќе даде и поинаков стимул и мотивација на домашните компании, поинаков поттик и насока за нивно развивање. За домашните компании потребна е јасна стратегија и визија за развојот на нашата економија во сега видно изменети услови на работење,“ – истакна Катерина Бошевска, извршен директор на ЕОС Матрикс за Македонија и Косово.
Извршните директори од Северна Македонија ги истакнале песимистичките изгледи, дури и во споредба со непосредните соседи (пад од 31 отсто наспроти пад од 12 отсто, како што покажува истражувањето спроведено во Албанија).
Новото истражување покажува промена на фокусот на пазарите кај извршните директори во Северна Македонија. Претходната година, првите три места биле окупирани од непосредните соседни пазари. Оваа година, фокусот е на глобалните пазари, поточно Германија со 36 отсто, САД со 25 отсто и Кина со 19 отсто.Првиот соседен пазар на листата е на четвртото место, што покажува јасна промена на очекувањата.
Во истражувањето се вели дека ништо друго не ги поттикнало компаниите кон дигитална трансформација како што е пандемијата со ковид-19. 70 отсто од анкетираните извршни директори се изјасниле за умерено до значително зголемување на нивните напори за дигитална трансформација.
„Кризата е секогаш и можност – можност да бидеме поуспешни. Ако во време на криза не можеме да влијаеме на пазарот и на условите кои не зависат од нас, ова е вистинско време да се свртиме кон себе и да видиме што можеме да оптимизирате – да станеме побрзи, подобри и поефикасни,“ порача Милка Тодорова, извршен директор и Претседател на Управниот одбор на УНИ Банка АД Скопје.
Во истражувањето за Северна Македонија, своето мислење и предвидувања го дале 36 извршни директори.