fbpx
Таг: Христијан Мицкоски

таг: Христијан Мицкоски

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Преспанскиот договор има извесна „сива зона“ која може да се толкува различно и токму затоа е направен така, со цел да се чита пошироко за да постои пристап на добра волја. Но, очигледно, во моментов, добра волја нема ниту партијата која ќе го предводи владејачкото мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ, а ниту грчките власти со оглед на тоа што премиерот Киријакос Мицотакис...

Христијан Мицкоски веќе договорил кредит од милијарда евра од странска влада

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и веројатен иден премиер Христијан Мицкоски, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, на 09 мај 2024 година, најави „финансиски пакет“ од една милијарда евра „со исклучително поволни услови“ како дел од „соработка влада со влада“. На новинарско прашање „дали е ова некаква нова милијарда од Тајван“, Мицкоски одговори: „Не знам јас сега, милијардата од Тајван, можеби...

Оставки во СДСМ по изборниот пораз, калкулации во ВМРО-ДПМНЕ за коалиции во идната влада

Потпретседателите на СДСМ Перо Костадинов и Фатмир Битиќи вчера вечерта, по објавувањето на прелиминарните резултати од парламентарните избори поднесоа оставка од партиските функции, а Битиќи побара тоа да го стори целото раководство. „Како потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, обврзан на етички и демократски вредности, одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата. Мојата оставка комплетно ќе се ефектуира...

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата на претседателските избори, како прва жена претседател во Македонија. Како што победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ стануваше сè поизвесна, и на претседателските и на парламентарните избори, атмосферата во штабот...

Контраспин: Репреговарањето секако носи неизвесност и несигурност во однос на ЕУ

Политичката проценка дека прифаќањето на рамката е голема грешка, води до обид за репреговарање на рамката со ЕУ, како и преиспитување на Договорот со Бугарија, односно обид за репреговарање и на овој Договор. Сето тоа, пак, води до неизвесност и несигурност од аспект на европските интеграции на земјата. А билатералните услови во форма на добрососедство, ќе останат во која...

Пендаровски и Мицкоски се судрија околу тоа кој има повисок рејтинг

Христијан Мицкоски е последниот политичар во Македонија кој би требало да зборува за личниот рејтинг. Имено, и после цели пет години како претседател на ВМРО-ДПМНЕ има двојно помал рејтинг од нивниот поранешен претседател Никола Груевски, вели претседателот на државата Стево Пендаровски. Изјавата следува откако претходно Мицкоски во своето гостување во радио Лидер рече дека кога станува за Стево Пендаровски, „тој...

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на претседателските избори, не гарантира за излезноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави оти неговата партија нема да ги бојкотира претседателските избори и дека ќе учествува на нив, додавајќи дека нивниот кандидат во првиот круг ќе водел пред кандидатот на ДУИ и СДСМ за околу 100.000 гласови. „Нема потреба зошто да ги бојкотираме, друго е прашањето кои се предизвиците со коишто ќе се соочи Македонија во...

Како Ковачевски и Мицкоски го честитаа 11 Октомври – Денот на народното востание

И премиерот и претседател на владејачката СДСМ, Димитар Ковачевски, и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска го честитаа големиот државен празник, 11 Октомври - Денот на народното востание кога македонскиот народ се кренал на вооружено антифашистичко востание во 1941 година. Иако навидум двете честитки се многу слични, во нив може да се забележат драстични разлики. Така, премиерот Ковачевски на неколку наврати...

Контраспин: Изјавата на Мицкоски за „благонадежните Блгари Ковачевски, Пендаровски и Османи“ е спин

Нема ниту еден елемент во преговарачката рамка со ЕУ со кој е засегнат македонскиот идентитет. Оттаму, изјавата „за благонадежни Блгари“ за тие што ја прифатиле е спин. Сосема е друго прашање за руската политика на Балканот и заедничките точки со изборот на водење на македонска државна политика по принципот на реципроцитет, како и цената и последиците од таквата политика...

Мицкоски се закани со напуштање на Собранието, му одговорија од Министерство за правда

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се закани дека пратениците од оваа партија ќе го напуштат Собранието на РСМ доколку власта стави европско знаменце на Законот за амнестија. Мицкоски рече дека ќе го блокираат донесувањето на ова законско решение, кое е за амнестија на криминалци. Очекувањето е опозицијата да достави голем број амандмани на Законот за амнестија, но доколку тој...

Мицкоски и Груевски со нови обвинувања, од СДСМ бараат да не ги мешаат во кавгата

Лажна е пропагандата на СДСМ, која трае скоро пола деценија, дека партијата се води од странство. Ова денеска го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој додаде дека неговата партија не била никогаш пообединета и има огромна поддршка од народот. „ВМРО-ДПМНЕ ја води раководството на партијата заедно со структурите во партијата, членовите и активистите. ВМРО-ДПМНЕ е партија од народот, својот...

Мицкоски и Груевски во жесток клинч – кој е учесник во триаголникот?

Актуелниот и поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Никола Груевски и денеска продолжија да се напаѓаат со меѓусебни преписки преку социјалната мрежа Фејсбук, откако вчера го истрошија првичниот арсенал на зборови еден против друг. Двата поста на Мицкоски и Груевски веќе имаат илјадници лајкови, до 16:30 часот оној на Мицкоски достигна 2.800 лајкови, додека Груевски за само еден час...

Кој за кого одработува? Мицкоски и Груевски јавно се испокараа

Актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го обвини поранешниот лидер Никола Груевски дека е во тајна комуникација со владата за да се подели опозициската партија и за да се протуркаат уставните измени, додека Груевски му врати на Мицкоски дека ќе треба да одговори јавно на две прашања. Дојче Веле сервисот на македонски јазик ја пренесува изјавата на Христијан Мицкоски за...

И народниот правобранител Зибери ги проблематизира измените во Кривичниот законик

Народниот правобранител Насер Зибери пронајде проблематични сегменти во измените на Кривичниот законик, кои минатата недела во период од само неколку часа беа усвоени во Собранието на РСМ по скратена постапка и со европско знаменце. „Тие измени во Кривичниот законик се проблематични од аспект на процедурата во која се донесени, многу кратка, без можности за сериозна расправа, а се менуваат одредби...

Политичарите од уста не ги вадат оправдувањата за измените на Кривичниот законик

Македонските политичари веќе неколку дена од уста не ги вадат оправдувањата на измените на Кривичниот законик, кои експресно за период од неколку часа ја поминаа целата собраниска процедура за нивно усвојување, и тоа по скратена постапка и со европско знаменце. Кој ќе одел во опозиција, а кој е Дарт Вејдер е темата со која веќе неколку дена се замајува...

Мицкоски не гледа причина зошто да се сретне со германскиот пратеник Михаел Рот

Откако германскиот пратеник и претседавач со Комитетот за надворешна политика на Бундестагот Михаил Рот не се сретна со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска опозицискиот лидер изјави дека никаде не пишувало оти треба да се сретне со сите што доаѓаат во земјава. „А зошто да имам средба со Рот? Каде пишува дека морам да имам средба? Мојата информација е дека...

„Еуровиа“ подизведува и за „Бехтел-Енка“, за опозицијата шокантен податок, за власта нема ништо спорно

Градежните работи на изградба на автопатот Гостивар-Кичево вчера почнаа кај гостиварското село Горна Бањица од страна на американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“. Порталот А1он.мк деновиве објави дека фирмите „Еуровиа“, „АК Инвест“ и „Стентон градба“ се фирмите што се избрани за подизведувачи, додека вицепремиерот Артан Груби на вчерашната свеченост воопшто не го демантираше изборот на подизведувачи. „Целосната надлежност за подизведувачите е во рацете...

Честитки по повод Денот на независноста: 32 години самостојна и суверена држава

По повод чествувањето на денешниот државен празник 8. Септември - Денот на независноста на Северна Македонија, македонскиот државен врв и лидерите на политичките партии упатија честитки, а серија од настани се одржуваат денеска низ целата земја под мотото „Гласник на слободата“. Денеска прославуваме 32 години самостојна и суверена држава, откако на 8 септември 1991 година над 95 отсто од...

Ескобар очекува продуктивни дискусии во Скопје

Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар се надева на продуктивни и заеднички дискусии со владините лидери за време на неговата посета на Северна Македонија, изјавија од прес-службата на Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски. Во рамките на дводневната посета, Ескобар денеска и утре ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и со лидерот на...

Теоријата на Мицкоски за заговор против ВМРО-ДПМНЕ: Од играчка, може да биде плачка

Од изрази на потсмев и укажувања за недораснатост за лидерската функција што ја има до сериозни предупредувања дека изјавите на Христијан Мицкоски може да предизвикаат меѓународна изолација на нашата земја. Со ваква содржина се дел од реакциите, откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најпрво изјави дека светот правел стратегија за тоа како да ја скрши неговата партија и да ги премисли...

Превртени кошеви и искршени седишта – институциите си префрлаат вина за руинираната спортска сала на УКИМ

Уште во далечната 2006 година на студентите при Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ) им беше ветена најмодерна спортска сала, која дури по 11 години - во 2017, се...