Како Ковачевски и Мицкоски го честитаа 11 Октомври – Денот на народното востание

Премиерот Ковачевски на неколку наврати ја спомнува Европа и Европската унија, додека лидерот на опозицијата Мицкоски го спомнува бугарскиот фашистички окупатор, но и „оние кои распродаваат, преговараат и уценуваат“ без да прецизира на кого точно мисли

-

И премиерот и претседател на владејачката СДСМ, Димитар Ковачевски, и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска го честитаа големиот државен празник, 11 Октомври – Денот на народното востание кога македонскиот народ се кренал на вооружено антифашистичко востание во 1941 година.

Иако навидум двете честитки се многу слични, во нив може да се забележат драстични разлики. Така, премиерот Ковачевски на неколку наврати ја спомнува Европа и Европската унија, додека лидерот на опозицијата Мицкоски го спомнува бугарскиот фашистички окупатор, но и „оние кои распродаваат, преговараат и уценуваат“ без да прецизира на кого точно мисли.

„Благодарение на успехот во НОБ, постои денешна, современа и независна, демократска, евроатлантска Република Северна Македонија“, вели Ковачевски додавајќи дека овој ден „ќе биде секогаш на светлите страници на македонската историја“.

Од друга страна, Мицкоски, потенцира дека „овој ден е почеток на борбата на македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор“.

Во следната реченица тој користи одредена нелогичност велејќи дека всушност востанието е „финалето на борбата што ќе ни ја донесе независна Македонија“.

„Да веруваме во нашите „борби“ бидејќи историјата покажува дека македонскиот народ секогаш бил на вистинската страна. На страната на правдата, за оние кои веруваат во вредности, и оние што веруваат во слободата, во заедничкиот живот и патриотизам“, посочува опозиционерот Мицкоски.

Понатаму, двајцата лидери повикуваат на обединување со таа разлика што премиерот зборува за „патот напред“, а лидерот на опозицијата бара „да ја почитуваме историјата“.

Според Ковачевски, потребно е „исто како партизаните, едни до други и едни со други, да останеме цврсти и обединети по патот напред“.

„Да ја внесеме државата во ЕУ и да ги донесеме европските стандарди во родната земја. Да одговориме на аманетот и нашата света должност – денес ние, да создадеме иднина за следните генерации!“, порача премиерот.

Од друга страна Мицкоски вели дека треба да се спротивставиме на “оние кои распродаваат, преговараат и уценуваат“.

„Важно е да ја почитуваме и учиме историјата, за да ги научиме од грешките, да бидеме обединети и сплотени, да го слушаме гласот на народот и да се спротивставиме на оние кои распродаваат, преговараат и уценуваат“, посочи лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце во должина од над 30 километри

Од денес во употреба е пуштена железничката пруга Куманово - Бељаковце, која е дел од Коридорот 8. Пругата со должина од 30,8 километри вклучува три нови железнички станици, шест стојалишта, пет...

Скопје ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство во 2026 година

Младинскиот образовен форум (МОФ) соопшти дека ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство за средношколци, кое ќе се одржи во Скопје, во февруари 2026 година. Овој настан претставува признание за долгогодишните напори...

Две новороденчиња во прилепско починаа од премрзнување

Две новороденчиња - близнаци од прилепското село Славеј, стари околу 20 дена, починале вчера попладне.   Од Општата болница Прилеп соопштија дека се работи за машко и женско новороденче, кои се родиле...

Измама: „Нептун“ не нуди „Маршал“ звучници за 612 денари

Во невистинитата објава, всушност се прави психолошки притисок врз граѓаните, да немаат време да размислуваат или да се премислат пред да ги остават своите банкарски податоци, затоа што им се става...

Пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце во должина од над 30 километри

Од денес во употреба е пуштена железничката пруга Куманово - Бељаковце, која е дел од Коридорот 8. Пругата со должина од 30,8 километри вклучува три нови железнички станици, шест...