fbpx
Таг: град скопје

таг: град скопје

Град Скопје го распиша тендерот за идеен проект за првата линија на „трамвајот на тркала“

Скопските власти денеска го објавија тендерот за избор на проектант што ќе го изработи идејниот проект за првата линија на брзиот автобуски систем - БАС (Bus Rapid Transit - BRT) или популарно наречен „трамвај на тркала“. Станува збор за брза автобуска линија од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, со приближна должина од 12,81 километри во една насока, 21 автобуска...

Здружението „Плоштад Слобода“ бара граѓаните преку јавна анкета да се изјаснат за „Мал Ринг“

До градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и до претседателката на Советот на Општина Центар Цветанка Симоновска, Здружението „Плоштад Слобода“ поднесе барање за продолжување на јавната анкета по Предлог - Детaлниот урбанистички план за градска четврт Ц01 – Мал ринг 1 за до крајот на август. „Поради тоа што се одбиени сите апели на професионалните, граѓански здруженија и поединци за...

Ако не сакаме нови пандемии, мора да го намалиме загадувањето на околината

Пандемијата на ковид-19 и драстичната промена на некои животни навики уште еднаш не потсети дека „новото нормално“ во светот и кај нас ќе мора да се усогласи со потребите на природата и живиот свет околу нас. Особено имајќи во предвид дека воздухот е медиумот преку кои се пренесуваат вирусите, а загадениот воздух истражувањата го поврзуваат со поголема смртност од...

Не е познато кој ја гради дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“, одлуката за уривање ќе помине неколку постапки

Одлуката за уривање на објектот без градежна дозвола „Фонтана“ кај ТЦ „Мавровка“ во Скопје, сé уште не стапила во сила, бидејќи не е утврдено кој ја реализира изградбата. Во објектот се работи интензивно и работите се при крај. По извршените проверки од страна на инспекторите, констатирано е дека градежните активности се вршат незаконски, но сепак од Општина Чаир велат...

Град Скопје ја смени причината за нефункционирање на семафорите на булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“

Поминаа два месеци од пуштањето во употреба на булеварот „Христијан Тодоровски - Карпош“ во скопската општина Бутел, меѓутоа едната од двете раскрсници и понатаму е без семафори. Возилата, но и пешачите што се движат по овој патен правец, се загрозени. Од Град Скопје порано се оправдуваа дека ЕВН треба да ги пушти во употреба истите откако ќе постави мерила за...

Новите екоавтобуси на ЈСП од денеска вклучени во скопскиот јавен превоз (галерија)

Новите екоавтобуси на гас на ЈСП-Скопје, произведени од германската компанија MAN, од денеска почнаа да сообраќаат на градските линии во Скопје. Градските власти информираат дека возачите коишто ги возат новите автобуси на линиите 2, 5, 15 и 57, имаат поминато стручна обука од сертифициран возач од Хрватска. „Новите автобуси се енергетско ефикасни, во согласност со последните технолошки трендови во оваа...

Од денес субвенции за преку 5.000 домаќинства во Скопје за набавка на инвертери

Скопјани од денес ќе можат да аплицираат за добивање субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата. Град Скопје објави јавен повик за искористување на субвенции во износ до 1.000 евра во денарска противвредност за набавка на еколошки почист уред за затоплување. Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, субвенциите ќе се доделуваат до завршувањето...

Поради ковид-19, јавниот превоз до мај изгубил 11,6 милиони патници и околу 4,5 милиони евра (инфографик)

Пандемијата на корона вирусот има големо негативно влијание врз функционирањето на скопскиот јавен превоз и на ЈСП-Скопје. Долгите полициски часови, затворените школи и факултети, работењето од дома на вработени во голем број компани, ограничениот капацитет за превоз на патници во автобусите и стравот на граѓаните да користат јавен превоз за период од околу три месеци предизвикаа загуби на ЈСП-Скопје...

Град Скопје ќе дава субвенции до 50.000 денари за поддршка на традиционалните занаети

Градот Скопје објави јавен повик за субвенционирање на скопските занаетчии, за набавка на потребни алати и репроматеријали за занаети во изумирање, со цел да го поттикне развојот на традиционалните занаети. Средствата се во износ од 80 отсто од  вредноста на алатитe и репроматеријалите, но не повеќе од 50.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. „Субвенциите важат и...

ЦГК: Град Скопје лани склучил најмногу тендери со најголема вредност од 21 милион евра

Општините и Градот Скопје во 2019 година склучиле 3.686 договори за јавни набавки во вкупна вредност од околу 8 милијарди денари, односно 130 милиони евра. Споредено со претходната година, вредноста на јавните набавки во 2019 година бележи пораст од 33 милиони евра, односно за 33,8 отсто, покажува  Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2019 година, која...

Град Скопје ќе ја уредува северната страна од кејот на Вардар од Лепенец до Аеродром

Екипите на Град Скопје денеска почнаа акција за чистење и уредување на северната страна од кејот на Вардар, на потегот од реката Лепенец до Аеродром. Во текот на наредниот месец на терен ќе работат екипите на јавните градски претпријатија „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“, „Водовод и канализација“ и „Улици и патишта“. Тие прво ќе го исчистат потегот, а онаму...

Оваа недела започнуваат уписите на ученици во прва година во средните училишта

Пријавувањето и запишувањето на ученици во прва година, во јавните средни училишта во учебната 2020/2021 година ќе се реализира во еден уписен рок и истото започнува со првото пријавување на 16 и 17 јуни 2020 година, информираат од Град Скопје. Уписите продолжуваат во второто и третото пријавување од уписниот рок на 24, 25 и 29 јуни 2020 година. „Средните училишта на...

Булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ со исклучени семафори и еден месец по отворањето

На една од раскрсниците на новиот булевар „Христијан Тодоровски - Карпош“ во скопската населба Бутел, и еден месец по пуштањето во сообраќај, семафорите воопшто не функционираат. Ова претставува опасност и за возачите, и за пешаците, кои го користат овој пат во северниот дел од Скопје, пишува „Порталб.мк“. Иако булеварот „Христијан Тодоровски - Карпош“ беше пуштен во употреба пред 1 месец,...

Град Скопје: Нема веќе субвенции за електричен тротинет, останаа 50 субвенции за велосипед

Град Скопје информира дека нема веќе субвенции за електричен тротинет, a oстанати се уште 50 субвенции за велосипед. „Од објавувањето на јавните повици за доделување субвенции за набавка на велосипеди и електрични тротинети, во Град Скопје до денеска се поднесени 2.774 барања од граѓаните за субвенции за купен велосипед и 214 барања за субвенции за купен тротинет. Во согласност со...

На Скопје му треба нов систем за изнајмување велосипеди и негово интегрирање со јавниот превоз

Градот Скопје не треба да се откажува, туку треба да го имплементира новиот автоматизиран систем за самоизнајмување велосипеди во главниот град, но и да го интегрира велосипедскиот сообраќај со јавниот превоз. Ова е стручниот став на универзитетскиот професор по јавен градски превоз Никола Крстаноски од Техничкиот факултет од Битола. Во периодот на глобална пандемија со корона вирусот, за експертите е...

Во последните 4 години, 1.454 граѓани пријавиле каснување од куче, обесштетувањето достигнува и до 2.000 евра

Во периодот 2017-2020 година на територија на Град Скопје, вкупно 1.454 граѓани пријавиле каснување од куче во Министерството за внатрешни работи. Најмногу од нив се однесуваат на минатата година, кога се евидентирани 618 пријави. За првите пет месеци од годинава, МВР регистрирало 310 пријави по овој основ. Секој граѓанин кој што ќе биде нападнат или каснат од бездомно куче има...

Репризи од маалските концерти за време на полицискиот час

Во наредните три дена, Град Скопје ќе ги репризира маалските концерти кои беа дел од проектот „Култура во време на корона“. Настапите ќе се емитуваат на официјалната фејсбук страницата на Град Скопје. „Граѓаните ќе имаат можност секој час во текот на петок, сабота и недела, да уживаат во изведбите на различни уметници од независната културна сцена што беа дел од...

Со амбиција и добра комуникација до успешен проект за велопаркинг

Анастасија Ристеска и Тамара Џерков се двете студентки од Архитектонски факултет кои го освоија второто место на јавниот повик за решение за прототип велосипедски паркинг што го објави Центарот за иновации на Град Скопје. Нивниот проект е иновативен пристап на вело паркинг, односно држачи за велосипеди со соларни панели и место за одмор. Двете пријателки и колешки од факултет за...

Град Скопје објави конкурс за три летни сцени во Градскиот парк

Град Скопје објави конкурс за три идејни решенија за летни отворени сцени во Градскиот парк во Скопје. Идејата e преку партерно уредување на локациите да се предвидат позиции на кои ќе се постават монтажни бини во рамките на Летната отворена сцена со што ќе се направи интерактивно место на кое ќе се одржуваат културни манифестации на отворен простор. „Основна цел...

Град Скопје ќе отстрани 240 билборди од улиците

Град Скопје ќе отстрани 120 билборди и 120 ситилајти од јавните површини во Скопје, најави денес скопскиот градоначалник Петре Шилегов, со цел да придонесе за подобра проодност на градскиот простор за пешаците и за велосипедистите, посебно во услови на епидемијата на корона вирусот, кога е потребно одржување на дистанца помеѓу граѓаните. Од сегашните 680 билборди, ќе останат 560, а...

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...