ЦГК: Град Скопје лани склучил најмногу тендери со најголема вредност од 21 милион евра

-

Општините и Градот Скопје во 2019 година склучиле 3.686 договори за јавни набавки во вкупна вредност од околу 8 милијарди денари, односно 130 милиони евра. Споредено со претходната година, вредноста на јавните набавки во 2019 година бележи пораст од 33 милиони евра, односно за 33,8 отсто, покажува  Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2019 година, која заедно со анализа на податоците ја објави Центарот за граѓански комуникации, ЦГК.

Скок во вредноста на тендерите има кај Градот Скопје и кај 58 општини, додека намалување има кај 22 општини. Најголем вредносен скок од седум милиони евра е забележан кај Градот Скопје (од 14 милиони евра во 2018 година, на околу 21 милион евра во 2019 година), кај Тетово од 3,7 милиони евра (од 1,7 милиони евра во 2018 година на 5,4 милиони евра во 2019 година) и кај Битола од 2,8 милиони евра (од 2,2 милиони евра во 2018 година, на 5 милиони евра во 2019 година).

Најголеми падови во апсолутен износ пак се забележани кај Гази Баба (од 4,1 милиони евра во 2018 година на 2,2 милиони евра во 2019 година), Куманово (од 4,9 милиони евра во 2018 година на 3,1 милиони евра во 2019 година) и Струга (од 3,5 милиони евра во 2018 година на 2,2 милиони евра во 2019 година).

„Во однос на јавните набавки продолжува и континуираната концентрацијата во главниот град, со тоа што речиси една третина од парите се потрошени на јавни набавки од Градот Скопје и од 10 скопски општини. Исклучително големите разлики помеѓу единиците на локалната самоуправа особено се воочуваат кога вредноста на јавните набавки ќе се стави во однос на бројот на жители. Произлегува дека одредени општини како Новаци и Карбинци трошат по 488 евра односно 376 евра по жител, наспроти Арачиново и Сопиште кои потрошиле по помалку од 2 евра по жител“, информира ЦГК.

Кај фирмите, најголема вредност на тендерите во 2019 имаат: градежната компанија ЈУ-БАЈ 2 Ахмет од село Бојане (4,2 милиони евра), нафтениот дистрибутер Пуцко Петрол од Пласница (2,7 милиони евра) и градежната компанија Коле-Транс Инжинеринг од Штип (2,6 милиони евра).

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Македонските граѓани веруваат во науката и технологијата, но и во митови и теории за заговор

Новото истражување на Евробарометар открива дека 72 отсто од македонските граѓани веруваат дека вирусите се вештачки создадени во лаборатории за контрола на населението – драстично повисока стапка од просекот на ЕУ....

Контраспин: Мицкоски ги брани македонскиот народ и идентитет кои никој не ги тероризира

Изјавата на Мицкоски за наводно тероризирање на македонскиот идентитет и народ во изминативе седум години претставува спин т.е. извртување на вистината, бидејќи токму во тој период, со постигнување на Преспанскиот договор,...

Не е точно дека само фашисти нема да присуствуваат на парадата во Москва на 9 Мај

Како што објавува EuVsDisinfo, долги години руските медиуми контролирани од државата тврдeле дека различни држави и ентитети се управувани од нацисти, или, пак, се водат од нацистичката идеологија. Примерите се добро...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична...