fbpx

Град Скопје ќе дава субвенции до 50.000 денари за поддршка на традиционалните занаети

-

Градот Скопје објави јавен повик за субвенционирање на скопските занаетчии, за набавка на потребни алати и репроматеријали за занаети во изумирање, со цел да го поттикне развојот на традиционалните занаети. Средствата се во износ од 80 отсто од  вредноста на алатитe и репроматеријалите, но не повеќе од 50.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

„Субвенциите важат и за алат и за репроматеријал набавен од 1 јануари годинава, a Јавниот повик ќе трае заклучно со 15 декември 2020 година. Ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“, односно до исцрпување на средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за оваа година. Во него се предвидени за оваа намена милион денари, а едно лице може да поднесе само едно барање за добивање субвенција.

Право на учество на јавниот повик имаат занаетчии кои не добиле буџетски средства од проекти за субвенционирање од други извори, кои се регистрирани согласно со Законот за вршење занаетчиска дејност и обавуваат занаетчиски дејности во изумирање и кои бележат намалување на активноста во континуитет. Тоа се следните занаети: јорганџија, опинчар, јажар, крзнар, грнчар, шапкар, ковач, лимар, казанџија, копчар, свеќар, мајстор за венци, за сита, саатчија, за ракотворби-корпар, за ракотворби-изработка на сувенири, за домашна ракотворба, за производство на музички инструменти и самарџија. Исто така, субвенции можат да добијат и регистрирани занаетчии кои имаат сопствен дуќан или под закуп лоциран во Скопје, кои при поднесување на барање за субвенции ќе поднесат фактура или фискална сметка за набавените алати и репроматеријали, документ за подмирени обврски кон државата и вработените и кои започнале со работа најмалку една година пред објавувањето на јавниот повик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...