fbpx
Таг: град скопје

таг: град скопје

И оваа грејна сезона БЕГ, а не Град Скопје, ќе ги снабдува скопјани со топлинска енергија

На прагот и на претстојнава грејна сезона, нема да се реализира најавеното преземање на топловодната мрежа од страна на Град Скопје од сегашниот снабдувач „Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ“ (ДТБЕ), за што Градот чека судска разрешница. Сè уште остануваат низа правни лавиринти на релацијата меѓу Град Скопје, Регулаторната комисија за енергетика и Управниот суд, со што расте и неивесноста...

„Статуафест“ годинава го прикажа Скопје во време на корона (ГАЛЕРИЈА)

Изминатиот викенд во Скопје се одржа четвртото издание на „Статуафест - Другото лице на улицата“ чија тема годинава беше пандемијата со корона вирусот, односно „Скопје во време на корона“ Актери, пантомимичари и улични артисти низ „замрзнати сцени“ ја покажаа промената во животот кај нас, но и во светот откако се појави пандемијата со ковид-19, од март наваму. На плоштадот и...

Град Скопје апелира да се користат алтернативни рути за влез, додека се реконструира булеварот Александар Македонски

Град Скопје информира дека во тек е голема градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските улици, па поради тоа апелираат, граѓаните да ги користат алтернативните приоди и сообраќајници за влез во градот, пред се поради големата реконструкција на бул. Александар Македонски во општина Гази Баба. „Граѓаните можат во Скопје да пристапат преку скопската обиколница, на исклучувањето кај населба Радишани,...

Матка 16 години чека да биде репрогласена како заштитено подрачје

Кањонот Матка од 2004 година чека да биде репрогласен за заштитено подрачје како споменик на природата. Една од најубавите природни реткости во земјава и дом на многу ретки и ендемични видови на растенија и животни, меѓу кои и египетскиот и белоглавиот мршојадец, кои се на црвените листи на загрозени видови, речиси две децении е оставена без заштита пред налетите...

Почна изградбата на „Велоштад“ кај Транспортен центар

Започна фазата на реализација и партерно уредување на првонаграденото решение - „Велоштад“ од конкурсот за #ВелоПаркинг, информираат од Град Скопје. Проектот „Велоштад“ на младите Михајло Стојановски и Теа Дамјановска е избран како најкреативен дизајн на велосипедски паркинг кој ќе се постави на локација во склоп на Транспортниот центар Скопје, поконкретно делот кон улиците Владимир Комаров и булеварот Кузман Јосифовски Питу,...

Град Скопје од утре до петок ќе прска против комарци од земја

По наездата на комарци во главниот град поради влажното време и авионското прскање што се одвиваше изминатава недела, Градот Скопје од утре (31 август) до петок (4 септември) ќе врши терестрична дезинсекција на подрачјето на главниот град против возрасни форми на комарци. Прскањето против комарци од земја ќе се врши во периодот од 9 до 3 часот, наредниот ден. „Доколку...

Скопските велосипедски патеки ги нема на Гугл мапс, Град Скопје вели тоа зависело од Гугл

Компанијата Гугл кон крајот на јули преку Гугл мапс ја воведе можноста за корисниците да пронајдат најсоодветни насоки за движење по велосипедските патеки во градовите низ светот. Сепак, еден месец подоцна, скопските велосипедски патеки не се внесени во Гугл мапс и скопјани не можат да ја користат оваа алатка за подобро да го испланираат нивното патување со велосипед во...

Воведувањето комбиниран билет за воз и јавен превоз ќе почека на надминување на корона кризата

Ковид-19 кризата е причина за прекинување на сите контакти меѓу Градот Скопје и Железници на РСМ-Транспорт околу можноста за воведување на комбинираниот билет за воз и јавен превоз, како и други поволности за патниците што ги користат овие средства за масовен превоз. Од Град Скопје за „Мета.мк“ информираат дека вработените во нивниот Сектор за сообраќај имале контакт со Железници...

На Матка не смее да се скине ниту цвет, а не, пак, да се возат моторни чамци

Возење на моторни чамци во езерото на кањонот Матка е строго забрането, а Одлуката за прогласување на Матка за споменик на природата, која во 1994 година ја донело тогашното Собрание на Градот Скопје, предвидува дека во кањонот може да се движат пловила само на електричен погон. Според Одлуката, објавена во Службен гласник во мај истата година и која сѐ...

Се трага по виновникот кој фрлил медицински отпад кај салата „Борис Трајковски“

Во текот на акциите во текот на викендот, екипите на Градскиот инспекторат со поддршка на Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ вршеле проверки за непрописно фрлање отпад, при што во контејнер за ѓубре во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ пронашле незаконски исфрлен медицински отпад, соопшти Град Скопје. Станувало збор за шприцови, а по пронаоѓањето, инспекторите ја повикале специјалната служба на...

Почна изградбата на улица Есенинова која ќе ги поврзува Кисела Вода, Аеродром и Центар

Денеска Град Скопје започна со изградба и пробивање на улицата Есенинова, која ќе ги поврзува Кисела Вода, Аеродром и Центар, односно булеварите Борис Трајковски и Трета македонска бригада. Новоизградената улица ќе биде долга 730 метри, со променлива ширина, односно, ќе има две коловозни ленти и тротоари од двете страни низ Кисела Вода, а потоа четири коловозни ленти пред влезот...

Вечерва во Скопје започнува фестивалот на светлината „Skopje Light Art District“

Вечерва, во 20:30 часот, почнува третото издание на Mеѓународниот фестивал на светлосната уметност, Skopje Light Art District. Многубројните светлосни инсталации кои ќе ги оживеат објектите во центарот на градот ќе бидат поставени од 19 до 22 август, а фестивалот ќе се одвива по однапред утврдена рута од Камениот мост, преку зградата на МЦМ до Градскиот парк. „Фестивалот претставува симболичен мост,...

Град Скопје изрече 90 казни за возила паркирани на вело патеки на само еден булевар (галерија)

Град Скопје, преку својата комунална инспекција, презеде мерки за сузбивање на непрописното паркирање на велосипедските и пешачките патеки, и во текот на изминатите седум дена на само еден булевар во центарот на градот, изрекол дури 90 казни. Интензивните контроли ќе продолжат, велат од градската управа. Имено, од 11 август до 18 август, односно вчера, комуналните редари и инспектори вршеле засилени...

Протест во Маџари против фрлањето и палењето отпад во затворената депонија Вардариште

Дел од жителите на Маџари кои живеат во близината на Вардариште, попладнево со транспаренти излегоа на протест и го блокираа сообраќајот на пругата. Тие се револтирани дека, и покрај тоа што депонијата Вардариште е затворена, во неа и понатаму се фрла отпад и разно ѓубре, а надлежните се пасивни и не преземаат мерки. „Вардариште е затворена депонија, престанете да...

За една недела подигнати 227 непрописно паркирани возила од јавни површини

Во периодот од 6 до 12 август со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 227 возила од јавните површини, информираат од Град Скопје. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 18 се отстранети од зонски паркиралишта, а другите 209 возила по налог на сообраќајната полиција, по основ на паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина,...

Привремен сообраќаен режим на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов

На дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на паркот „Македонија“ во општина Карпош, поради изведба на градежни работи за поставување на вреловод, денеска ќе биде воведен времен режим на сообраќај. Времената измена на режимот на сообраќај ќе биде означена со посебна сигнализација, а ќе важи до завршување на градежните активности што ќе ги реализира Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје. Во...

Комбиниран билет за воз и јавен превоз нема, дивите таксисти со полни раце работа (инфографик)

Фото: Борче Поповски
Нема никакво придвижување од надлежните власти за воведување на комбиниран билет за воз и јавен превоз, којшто би го користеле граѓаните кои секојдневно патуваат меѓу Скопје и околните градови Велес, Куманово и Тетово. Од Железници на РСМ-Транспорт за „Мета.мк“ информираат дека досега немале разговори со Град Скопје и ЈСП-Скопје околу можноста за воведување на комбиниран билет за воз и...

Во Скопје нема, а помали градови низ Европа имаат успешни системи за изнајмување велосипеди (инфографик)

Во Скопје веќе трета година не функционира системот за изнајмување велосипеди основан од градските власти. Градот Скопје две години ветува воспоставување на нов јавен систем за самоизнајмување велосипеди, но досега активностите се сведени на изработка на проектната документација за идните 30 пунктови за изнајмување што би се поставиле на различни локации низ главниот град. „Мета.мк“ веќе контактираше дел од експертите,...

Ниту една компанија не е заинтересирана да ја урне дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“

Уривањето на дивоградбата што започна да се гради пред трговскиот центар „Мавровка“ нема да се одвива едноставно и брзо како што се очекуваше, пишува „Порталб.мк“. На постапката за избор на економски оператор што ќе ја руши дивоградбата не се јави ниту една компанија. Поради ова, рушењето на објектот без одобрение за градење ќе биде одложено уште повеќе, бидејќи треба...

Град Скопје го распиша тендерот за идеен проект за првата линија на „трамвајот на тркала“

Скопските власти денеска го објавија тендерот за избор на проектант што ќе го изработи идејниот проект за првата линија на брзиот автобуски систем - БАС (Bus Rapid Transit - BRT) или популарно наречен „трамвај на тркала“. Станува збор за брза автобуска линија од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, со приближна должина од 12,81 километри во една насока, 21 автобуска...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...