fbpx

Град Скопје ќе отстрани 240 билборди од улиците

-

Град Скопје ќе отстрани 120 билборди и 120 ситилајти од јавните површини во Скопје, најави денес скопскиот градоначалник Петре Шилегов, со цел да придонесе за подобра проодност на градскиот простор за пешаците и за велосипедистите, посебно во услови на епидемијата на корона вирусот, кога е потребно одржување на дистанца помеѓу граѓаните. Од сегашните 680 билборди, ќе останат 560, а ќе се отстранат и сите 120 ситилајти.

Со тоа, рече Шилегов, првата зона од централното градско подрачје целосно се ослободува од поставените рекламни објекти, а се намалува нивниот број и во преостанатите зони.

Советот на Град Скопје на првата наредна седница ќе одлучува за ослободување на компаниите за закуп на рекламен простор од надоместокот кој му го плаќаат на Град Скопје за период од 3 месеци, најави Шилегов и појасни дека со намалувањето на бројот на рекламни објекти, компаниите ќе имаат намалување за 20 отсто на давачките за месечна закупнина во понатамошниот период.

„Градот Скопје од рекламните објекти досега остваруваше приходи од околу 100.000 евра месечно, а по акцијата за нивно отстранување ќе остварува приходи од околу 80.000 евра месечно“, рече тој.

„Ова е уште една мерка со која Градот ја помага домашната економија, покрај намалувањето на фирмарината, месечниот надоместок за терасите на угостителите и олеснувањата во наплатата на комуналиите за градежништвото“, истакна скопскиот градоначалник.

Тој потсети и дека намалувањето на бројот на рекламните паноа во централното градско подрачје беше и едно од повеќегодишните барања на неколку иницијативи и здруженија кои се занимаваат со унапредување на условите за велосипедски сообраќај, за кое, како што рече, претходната градска власт очигледно немала слух.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...