fbpx
Таг: фондација Метаморфозис

таг: фондација Метаморфозис

Конференција на ЦДТ: Транспарентноста во голем дел од Западен Бакан во опаѓање

Транспарентоста на различните категории на власта во голем дел од Западен Балкан е во опаѓање. Кога нема примена на она што е регулирано со прописите или на она на што лицата се обврзале со стапување на јавна функција, не може да се зборува за политичка волја за почитување на законите. Корона кризата, пак, ги соголи недостатоците и лошите практики...

Доделени 15 подгрантови преку проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“

Фондацијата „Метаморфозис“ информира дека се доделени 15 подгрантови преку првиот циклус од грантовата шема за мали грантови ЛОТ 1: Доделување на субгрантови за центри за поддршка на е-Влада преку проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“, ко-финансиран од Европската Унија. „15-те мали грантови се доделени на по 3 граѓански организации од Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија...

Недостаток на финансии, независност, човечки капацитет влијае на квалитетот на истражувачкото новинарство

Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис и Евротинк - Центар за европски стратегии ги презентираа наодите од истражувањето „Значењето, присуството и свеста за критичко мислење и медиумска умешност во медиумската индустрија“, спроведено преку проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк “, кој се спроведува со поддршка од Европската Унија. Истражувањето сеопфатно ги анализираше влијанието на состојбата...

Дискусија на „Истиномер“: Борбата за вистината е тешка, но мора да се истрае

Пандемијата на ковид-19, освен што донесе нови големи проблеми за човештвото, донесе нов огромен предизвик за проверувачите на факти, со изобилството дезинформации за новиот корона вирус и болеста што ја предизвикува: ковид-19. Потребата на граѓаните, посебно во некои балкански земји, да ги добијат вистинските информации, беше занемарена од страна на оние кои беа должни да ги изнесат, односно властите. Сепак,...

Меѓународен ден на човековите права и нивната важност во градењето на светот по Ковид-19 пандемијата

Денеска е 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права. На денешен ден во 1948-та година Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Универзалната декларација за човековите права, прв глобален документ што ги артикулира човековите права и ги става на преден план на глобално ниво, како и еден од најголемите успеси на ООН. Самиот ден, пак, беше востановен пред точно...

Говорот на омраза против Метаморфозис останува неказнет: „Да ги стреламе или дома да им носиме посмртни венци?“

„Еве го канцерот на општеството“, „полека полека го комплетираме списокот, стасуваат информации од сите страни и домашните адреси веќе им ги имаме“, „сироти копуци, не знаат дека и тие ќе бидат избришани, и тоа многу брзо“, „да ги стреламе или дома да им носиме посмртни венци?“, „Македонци, јавно исплукајте ги..“, „Запознајте ги своите и душманите на Македонија. И кога...

„Глобал Војсес“ ги осуди нападите со говор на омраза кон Фондација Метаморфозис

Глобал Војсес ги повика властите во земјава да ја истражат кампањата со говор на омраза кон вработените од Фондација Метаморфозис, која започна на 12 ноември и сè уште трае. „Глобал Војсес најостро ги осудува овие напади на нашиот долгогодишен партнер. Ги повикуваме властите во С. Македонија да ги истражат овие активности и да спроведат соодветни правни постапки против извршителите, како...

„е-Општество.мк“: Дигиталните алатки станаа главна алатка во образованието, но неопходни се еднакви можности за сите

Предизвици во образованието имаше и пред пандемијата, особено со информациско комуникациски технологии во наставата. Вака Наташа Анѓелеска, висока координаторка на програмата за образование - Фондација Отворено општество Македонија ја започна дискусијата на денешната сесија „Отворено дигитално образование во Северна Македонија - придобивки од користењето на ИКТ во образовниот процес“ што ја организираше Фондација Метаморфозис во склоп на 16. Меѓународна...

Отвореноста на податоците и вклучувањето на граѓаните во локалната власт се клучни за развој на демократијата

Вклучувањето на граѓаните во донесувањето одлуки е сржта на демократијата, посебно на основното ниво, во полето на локалната самоуправа, а тоа може успешно да се оствари само со едуцирање на граѓаните за нивните права и одговорности, но и отворање на податоците и соодветна дигитална опременост, од описменување до овозможување дигитални алатки. Тоа се основните цели за кои секоја држава,...

Прогласени победниците на конкурсот „НајООР наставник/ наставничка од основното образование за 2020 година“

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во рамките на проектот „Отворени образовани ресурси“ (ООР) , одбележувајќи го Меѓународниот ден на децата, 20 ноември, ги прогласи победниците на конкурсот „НајООР наставник/наставничка од основното образование за 2020 година“. Тоа се се Кети Наумоска (ОУ„Кузман Јосифоски-Питу“, Кичево), Југослав Спасиќ (ООУ „Крсте Мисирков“ Куманово) и Александра Блажевска (ООУ „Јан Амос Коменски“, Скопје). Пропозициите на...

Дејвид Гир: Заканите против вработените во Метаморфозис треба навремено да се истражат

Европскиот амбасадор во С. Македонија, Дејвид Гир денеска преку својот Твитер профил изрази поддршка и побара навремено да се истражи говорот на омраза и хајката која деновиве се води онлајн против вработените во Фондацијата „Метаморфозис“. „Само што разговарав со Метаморфозис по кампањата за оцрнување што се води против нив. Не треба да има место за поттикнување омраза или ширење лажни...

Новинарските здруженија ги повикаа МВР и ЈО да реагираат по говорот на омраза против новинари и невладини организации

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) најостро го осудија говорот на омраза на кој бевме сведоци изминативе неколку дена против повеќе новинари и една невладина организација и ги повикаа надлежните органи и институции, пред сè МВР и ЈО веднаш да реагираат, за да се...

Клевета е дека вработени во Метаморфозис бришат содржини од Фејсбук

На ден 12.11.2020 година на веб-сајтот www.lider.com.mk е објавен текст со наслов „(ФОТО) Ова се луѓето кои бришат содржини од Facebook во Македонија!“ во кој се наведени повеќе невистинити тврдења кои можат да се окарактеризираат како клевети. Меѓу другото во спорниот текст е објавен колаж од фотографии од дел од вработените во Фондацијата „Метаморфозис“, а во насловот пишува дека тоа...

ЦДТ утре ќе одржи конференција: „Западен Балкан и ЕУ: демократска консолидација преку исполнување на политичките критериуми“

Утре со почеток од 10:30 часот, Центарот за демократска транзиција - ЦДТ заедно со Собранието на Црна Гора организираат коференција на тема: „Западен Балкан и ЕУ: демократска консолидација преку исполнување на политичките критериуми“, под покровителство на Balkan Trust for Democracy и Norwegian Embassy in Belgrade. Конференцијата може да се следи онлајн на Фејсбук страната на ЦДТ, но и преку порталот...

Фондација Метаморфозис организира конференција „Вклученост и ефективност – доброто владеење и интернетот“

На 25 и 26 ноември годинава, ќе се одржи 16-то издание на конференцијата е-Општество на тема „Вклученост и ефективност – доброто владеење и интернетот“, која ја организира Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис. На конференцијата ќе учествуваат експерти, активисти, новинари, државни службеници и поддржувачи од регионот на Западен Балкан и пошироко за да ги споделат своите ставови и размислувања на...

Ковид-19 ја потврди потребата од промоција на безбеден пристап кон дигиталните технологии

Пандемијата со ковид-19 е најдобриот показател за потребата од дигитални технологии, кои на еден или друг начин сите ги користиме како за работа, учење, забава, дружење, играње игри, односно за нормално функционирање. Истите треба да се развијат и промовираат, така што сите граѓани ќе имаат пристап и можности безбедно да ги користат. Oва беше речено на онлајн настанот организиран од...

Во првите 6 месеци од Акцискиот план на Стратегијата за транспарентност не е исполнета ниту една обврска

Фондацијата „Метаморфозис“ изготви Извештај за проценка на нивото на спроведување на Акцискиот план (АП) на Стратегијата за транспарентност (2019-2021) во првите шест месеци (ноември 2019-мај 2020). Мониторингот го проценува спроведувањето на АП во две димензии: дали се спроведува навремено и дали се спроведува целосно во случаен примерок од 50 институции: 16 министерства и 34 органи и тела на извршната власт....

Граѓанскиот сектор е иницијатор на објавувањето на отворените податоци

Кога ќе се разгледаат состојбите, Австрија, во последниве пет години, на централно ниво на власта прави помалку на планот на отворените податоци од Северна Македонија, и тоа што е направено во вашата земја за отворањето на податоците од централната власт во последните години е навистина восхитувачко, порача Бернард Крабина од Центар за истражување во јавната администрација (KDZ) од Австрија....

Фејсбук во партнерство со Метаморфозис и Вистиномер започна програма за проверка на факти во Северна Македонија

Денеска Фејсбук објави дека заедно со Фондацијата Метаморфозис и Вистиномер ќе започне со работа на програма за проверка на факти од трети страни во Северна Македонија. Покрај во земјава, Фејсбук започнува со работа на оваа програма и во други земји од регионот: Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, додека веќе постоечката програма во Хрватска ќе биде проширена. Како дел од борбата против дезинформациите на...

„Метаморфозис“ предлага продолжување и продлабочување на консултациите за Концепцијата за далечинско образование

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, одговорајќи на јавната покана од Министерството за образование и наука (МОН) за Јавна консултација за нацрт верзијата на Концепцијата за далечинско образование, објави стручно мислење врз основа на своите досегашни искуства и специјалистичка експертиза во областа на ИКТ и образованието. Најнапред, „Метаморфозис“ смета дека дадениот рок до 10 јули е прекраток и предлага тој...

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...