Прогласени победниците на конкурсот „НајООР наставник/ наставничка од основното образование за 2020 година“

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во рамките на проектот „Отворени образовани ресурси“ (ООР) , одбележувајќи го Меѓународниот ден на децата, 20 ноември, ги прогласи победниците на конкурсот „НајООР наставник/наставничка од основното образование за 2020 година“. Тоа се се Кети Наумоска (ОУ„Кузман Јосифоски-Питу“, Кичево), Југослав Спасиќ (ООУ „Крсте Мисирков“ Куманово) и Александра Блажевска (ООУ „Јан Амос Коменски“, Скопје).

Пропозициите на конкурсот одредуваа дека наставниците треба да користат отворени образовни ресурси, вклучувајќи ги ги и наставните програми, материјали од курсеви, учебници, онлајн-видеа, мултимедијални програми, подкасти, како и секаков друг материјал кој е дизајниран за употреба во настава и при учење.

Најдобрите во годинашниот конкурс ќе добијат лаптоп, а за училиштата во коишто работат предвидено е да се набави смарт табла.

Проектот Отворени образовни ресурси и конкурсот „НајООР наставник/наставничка од основното образование за 2020 година“ се финансирани од Фондацијата Отворено општество – Македонија.