недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: CtrlZ | 75 резултати

Ден на италијанскиот стрип на „Џифони Македонија“ со авторите на „Дилан Дог“

октомври 6, 2022

Алесандро Билота и Серџо Џерази, автори на „Дилан Дог“, Валтер Бујо, Меркурио Лои и други стрип-уметници денеска ќе бидат гости на 10. Филмски фестивал на млади „Џифони Македонија“. Во Младинскиот културен центар во 16 часот тие ќе одржат предавање на тема „Фокус на италијанскиот и македонскиот стрип“, а влезот е слободен. Претходно, Билота и Џерези […]

Учениците кои освојуваат признанија на меѓународни натпревари имаат потреба од системска поддршка

септември 5, 2022

Во втората половина на август во Прага се одржа меѓународниот натпревар по знаење и критичко мислење „World Scholars Cup“, или во неофицијален превод „Светски куп на ученици-научници“, на кој успешно учествуваа и пет екипи од Северна Македонија. На натпреварот „Prague Global Round 2022“, oдносно „Глобална рунда во Прага 2022 година“ учествуваа над 400 ученици од […]

Сè уште не се знае дали Студентскиот дом во Тетово ќе биде готов за есенскиот семестар

август 13, 2022

Иако градежните работи се завршени, Студентскиот дом во Тетово сè уште не е готов, бидејќи не е поставен неопходниот мебел. Ветувањата на надлежните постојано се одолговлекуваат, а не се знае дали домот ќе биде готов за претстоечкиот семестар. Во тек е постапката за набавка на мебел, пишува Порталб.мк. Иако Студентскиот дом во Тетово претставува голема […]

Доделени наградите за младинско учество на една актерка и две здруженија

август 13, 2022

Претседателот Стево Пендаровски, вчеравечер се обрати на свечената церемонија на доделување на Наградата за младинско учество, што по повод Меѓународниот ден на младите, се одржа во Кабинетот на претседателот. Годинашни носители на наградата се актерката Изабела Јакимова, во индивидуална категорија, неформалната група на млади Младите на Една може (One Can Youth), во категоријата на неформални […]

Повторно поскапуваат меѓуградските билети, студентите изложени на поголеми трошоци

јуни 5, 2022

Растот на цената на горивата што настана откако Владата одлучи да не ги продолжи антикризните мерки, се одрази и врз меѓуградските автобуски билети од некои превозници на релацијата Тетово – Скопје, Гостивар – Тетово како и на Гостивар – Скопје. Патниците кои патуваат од Тетово кон Скопје со автобускиот превозник Еуро турист – Гостивар од […]

Со граѓанска наука до заштита на природата: се мапираат растителните видови кај Вевчански извори

мај 8, 2022

Еко-свест и Натура МК започнуваат со примена на граѓанска наука за да помогнат во идентификација и мапирање на растителни видови во Споменикот на природа „Вевчански извори“ и со тоа да овозможат подобар мониторинг и заштита на шумите во ова заштитено подрачје. Еко-свест и Натура МК спроведуваат обука за правилно индентификување и мапирање на видови дрвја […]

Граѓаните при прошетка во заштитени подрачја треба да внимаваат да не ја нарушат природата

јули 28, 2021

Дури шест закони опишуваат што сѐ е забрането во природата, меѓу кои е и Кривичниот законик. Законот за заштита на природата, пак, се однесува конкретно на заштитени подрачја. При тоа се идентификуваат преку 35 активности кои се забранети – од дивоградби, нелегално депонирање на отпад, па до криволов и нелегална сеча, потсетува „Натура МК“. Државниот […]

Османи ги промовираше електричните тротинети за МНР: Зелена дипломатија-новото нормално

јули 25, 2021

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ги промовираше електричните тротинети, набавени за користење од страна на вработените во Министерството за надворешни работи (МНР), како пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето. „Со овој симболчен гест, МНР работи започнува со промоција на проектот „Зелена дипломатија – новото нормално“, кој ќе се […]

Нуредини: Го ставивме Студенчишко Блато под привремена заштита до неговото прогласување за парк на природата

јули 21, 2021

Додека трае постапката за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природата, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, согласно Законот за заштита на природата, донесе Решение за привремена заштита на Студенчишко Блато (Стр. 34-35). Привремената заштита на подрачјето ќе се применува до денот на влегувањето во сила […]

Протест против сечењето дрвја на „Орце Николов“ во 12 часот

јуни 13, 2021

Протест под името„Кога пилите ќе стивнат“ ќе се одржи денеска со почеток во 12 часот, на улицата „Орце Николов“ во Скопје, поради плановите на градските власти да се исечат и преостанатите 10 дрвја. Организаторите бараат да се прекине на решението издадено од Град Скопје со кое се овозможило сечењето на дрвјата на улицата, за да […]

В недела ќе се трча на „HalkEco Скопје Трча 10КМ“, дел од улиците во Скопје затворени за сообраќај

јуни 11, 2021

Традиционалната трка „HalkEco Скопје Трча 10КМ“ оваа година ќе се одржи на 13 јуни, недела, со почеток во 7:30 часот. Стартот и целта на овогодинешната десет километарска трка ќе бидат на улицата Илинденска, пред фонтаната Лотос. Стартните пакети учесниците ќе може да ги подигнат денеска и утре, во период од 12 до 19 часот, во […]

МОН отвори информативна веб страница за реформите во основното образование

јуни 4, 2021

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека отвори нова информативна веб страница на која може да се добијат информации за реформите што се креираат и спроведуваат во основното образование, според планот за промени и унапредување на квалитетот на националниот образовен систем. „На www.osnovnoobrazovanie.mon.gov.mk медиумите и граѓаните може да се информираат за сите тековни и […]

Порталб: Скејт паркот во Тетово не ја преживеа небрежноста од општината, младите во акција

јуни 2, 2021

Институционалната небрежност на општина Тетово, како и вандализмот на граѓаните, ги оставија младите во овој град без единствениот скејт парк. Паркот, изграден од странски и локални активисти, во моментов наликува на мала депонија. Откако барањето на младите до институциите за одржување на локацијата не наиде на слух, активистите за време на викендот ги презедоа работите […]

Утре се отвора Биеналето на млади уметници во МСУ

мај 18, 2021

Во 20 часот утревечер, во Музејот на современата уметност – Скопје (МСУ) ќе биде отворено 13. Меѓународното биенале на млади уметници со наслов „Страст за лутање“. Годинашново Биенале, чиј организатор е МСУ, се проширува вон архитектурата на музејот, вклучувајќи институционална соработка со Музејот на Македонија, Природнонаучниот Музеј и зградата на Управата за хидрометеоролошки работи, степенувајќи […]

Млади амбасадори за климатски промени ја симулираат Конференцијата на ОН за климатски промени СОР26

февруари 20, 2021

Дваесет млади амбасадори за климатски промени, заедно со експерти и граѓански активисти, денеска се дел од првата симулација на Конференцијата на ОН за климатски промени СОР26, која се одржува во земјава и пошироко, во организација на организацијата „Гоу Грин“. Млaдите амбасадори, кои претходно беа обучени преку онлајн курсот за климатска дипломатија, пред почетокот на конференцијата […]

Сојузот на средношколци го продолжува бојкотот на наставата, МОН вели дека тоа е „неоправдано“

јануари 31, 2021

По вчерашната одлука на Сојузот на средношколци и следнава седмица да продолжи бојкотот на наставата од страна на матурантите, денеска реагираше Министерството за образование и наука, кое порача дека барањата се неприфатливи, а бојкотот е неоправдан и е на штета на матурантите. Од Сојузот бараат на државната матура да се полагаат два наместо четири предмети, […]

Министерството за образование и Државниот студентски центар во несогласување околу повртатот на средства за студентите

јануари 27, 2021

Студентите кои уплатија за сместување и исхрана во државните студентски домови за месец март минатата година, кога домовите беа затворени заради пристигнувањето на корона вирусот во државата, сè уште не ги добиле назад уплатените средства. Според одлуката која во април ја донесе управниот одбор на Државниот студентски дом „Скопје“, студентите кои имаа легло беа ослободени […]

Нора Волина: Ова се најатрактивните компјутерски игри во светот

декември 16, 2020

Навикнати сме за компјутерски игри вообичаено да слушаме момчиња како даваат совети. Како и да е, во интервју за „Порталб.мк“, „гејмерката“ Нора Волина од Северна Македонија, која е на магистерски студии по компјутерски инженеринг во Виена, нè информираше за последните новини. Според Нора, игрите што се играле најмногу оваа година се PubG, Valorant, League of […]

Нова веб платформа на „5+“ за неформално учење и забава

декември 15, 2020

ОХО креираше нова веб платформа www.5plus.mk – за неформално е-учење, забава и квалитетно време поминато во дигиталниот простор, информираат од продукцијата. Веб платформата содржи избор од интерактивни едукативни содржини и активности на македонски и албански јазик кои помагаат за развој на основните логички операции кај децата и ја поттикнуваат нивната креативност. „Новата веб платформа 5+ […]

Прогласени победниците на конкурсот „НајООР наставник/ наставничка од основното образование за 2020 година“

ноември 20, 2020

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во рамките на проектот „Отворени образовани ресурси“ (ООР) , одбележувајќи го Меѓународниот ден на децата, 20 ноември, ги прогласи победниците на конкурсот „НајООР наставник/наставничка од основното образование за 2020 година“. Тоа се се Кети Наумоска (ОУ„Кузман Јосифоски-Питу“, Кичево), Југослав Спасиќ (ООУ „Крсте Мисирков“ Куманово) и Александра Блажевска (ООУ „Јан […]

Страна 1 од 4