Глобал Војсес ги повика властите во земјава да ја истражат кампањата со говор на омраза кон вработените од Фондација Метаморфозис, која започна на 12 ноември и сè уште трае.

„Глобал Војсес најостро ги осудува овие напади на нашиот долгогодишен партнер. Ги повикуваме властите во С. Македонија да ги истражат овие активности и да спроведат соодветни правни постапки против извршителите, како и да пружат заштита на луѓето од Фондација Метаморфозис“, велат од Глобал Воjсес, нагласувајќи дека се придружуваат кон медумските здруженија, Граѓанскиот центар за слобода Цивил, Хелсиншкиот комитет за човекови права во РСМ, како и амбасадорите во РСМ од Европската Унија и Велика Британија кои жестоко ги осудија нападите.

Како што велат од Глобал Војсес, нападите ја искористија нестабилната политичка ситуација која во моментов е присутна во С. Македонија, лажно обвинувајќи ги Метаморфозис за здружување со Фејсбук како би цензурирале „патриотски“ содржини од социјалната мрежа. Ова подразбира и повик на физичко насилство на вработените во Фондацијата, вознемирување, како и закани за споделување на нивните приватни податоци. Фотографиите на луѓето од Метаморфозис, вклучувајќи ги новинарите и менаџерите се шират на социјалните мрежи во стилот на плакат „Се бара“ како што е пример на Дивиот Запад.

Долгогодишниот партнер на Метаморфозис, потсетува дека од основањето на фондацијата пред 16 години, Метаморфозис стои на првите линии во борбата за слобода на изразување, слобода на печат и заштита на дигиталните права во целиот балкански регион.