fbpx
Таг: ширење говор на омраза

таг: ширење говор на омраза

„Глобал Војсес“ ги осуди нападите со говор на омраза кон Фондација Метаморфозис

Глобал Војсес ги повика властите во земјава да ја истражат кампањата со говор на омраза кон вработените од Фондација Метаморфозис, која започна на 12 ноември и сè уште трае. „Глобал Војсес најостро ги осудува овие напади на нашиот долгогодишен партнер. Ги повикуваме властите во С. Македонија да ги истражат овие активности и да спроведат соодветни правни постапки против извршителите, како...

Академик Ќулавкова објави твит со говор на омраза, по неколку часа го избриша

Академик Катица Ќулавкова, членка на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) предизвика огорченост на социјалните мрежи откако објави твит со кој изнесува ставови кои беа оценети како националистички и шовинистички. Ќулавкова на 6 јуни 2020 г. на својот твитер профил објави твит со текст „Цената на соживотот ја плаќаме со животот“, на иста линија со наративите кои ги шират...

Стејт департмент: Владата постигна напредок во почитувањето на слободата на медиумите

Американскиот Стејт департмент во Годишниот извештај за човековите права во Македонија за 2019 година нагласува дека владата лани постигнала напредок во почитувањето на слободата на медиумите и слободата на изразување во земјава. Сепак, Стејт департментот констатира дека сѐ уште постојат проблеми што се провлекуваат од минатите години, како што е насилството и заплашувањето на новинари. Независноста на медиумите е...

„Фактограф“: Хрватската влада со европски пари поддржува ширење дезинформации

Хрватскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите „Фактограф“ неодамна остро се спротивстави на потегот на хрватската влада да додели дури 98.000 куни (13.200 евра) неповратни пари на порталот dnevno.hr за редизајнирање. Dnevno.hr е еден од водечките создавачи на дезинформации во хрватскиот медиумски простор, но сепак владата им доделува пари од Европскиот фонд за регионален развој, пишува...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...