fbpx
Таг: фондација Метаморфозис

таг: фондација Метаморфозис

Фондација „Метаморфозис“: Тврдењата на СОС се тешки лаги и клевети

На тврдењата и оцрнувањата на голем број невладини организации што во саботата ги изнесоа Никола Србов, Цветин Чилиманов и Ненад Мирчевски, претставувајќи се како иницијатива „Стоп операција Сорос“, реагира и Фондацијата „Метаморфозис“. Во демантот се вели дека спротивно на принципите на дејствување на невладиниот сектор како непартиски коректив на која било власт, групата од тројца граѓани претставувана како невладина...

Брзината на социјалните мрежи е предност и мана во известувањето, тврдат новинари од САД

Популистичките мерки објавени кратко и јасно на социјалните мрежи се ефективни, а тоа го користат политичарите, велат американските новинари Џон Кокран и Барбара Кокран, на јавната дискусија „Можат ли социјалните медиуми да влијаат врз изборите во САД?“, организирана од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. - Секој новинар во денешно време мора да биде активен на социјалните мрежи. Недостаток е тоа...

„Слобода наместо страв“: Герила-акција против масовното прислушување

Со герила-акција за подигнување на јавната свест против масовното прислушување, Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ се вклучи во акциите на меѓународното движење „Слобода наместо страв“ (Freedom not fear). Како дел од акцијата, комби со голема сателитска антена, кое ги симболизираше т.н. „странски служби“ и на кое пишуваше „Слобода наместо страв“, ги посети Специјалното јавно обвинителство, Македонската радио-телевизија, СДСМ и...

Институциите затворени, а граѓаните отсечени од носењето одлуки

Има многу инструменти и механизми со кои граѓаните и граѓанските организации можат да учествуваат и преку кои можат да придонесат во доброто владеење, но не ги користат затоа што не знаат дека постојат, а и не им се дава доволно време да ги искористат. Ова е заклучокот од дискусијата и од работилницата за состојбата со доброто владеење и препораките...

„Метаморфозис“ организира отворени денови за сите граѓански организации

Фонадацијата и интернет и општество „Метаморфозис“ организира отворени денови за сите граѓански организации кои се заинтересирани да добијат повеќе информации или поддршка при аплицирање за донација на платформата „Техсуп Балканс“ (Techsoup Balkans). Во нашите канцеларии можeтe да се обратите секој втор петок од 14 до 16 часот со претходна најава за присуство на следниот е-мејл: [email protected]. Тимот на „Метаморфозис“ ќе...

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...