fbpx
Таг: фондација Метаморфозис

таг: фондација Метаморфозис

Фондација Метаморфозис и Критинк: Осуда за дискриминаторските напади врз новинарката Мирослава Бурнс

Фондацијата Метаморфозис и тимот на КриТинк ја искажува целосната поддршка за нашата соработничка Мирослава Бурнс која деновиве е мета на вулгарни, сексистички и дискриминаторски напади. Нападите изобилуваат со навреди и клевети, непримерен и загрозувачки говор, но постојат и елементи кои можат да се окарактеризираат како говор на омраза, што е кривично дело според Кривичниот законик. „Го осудуваме секој облик на дискриминација,...

Конституиран Советот за координација и следење на Отвореното владино партнерство

Преку видео-седница беше конституиран Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство (ОВП на Република Северна Македонија) и Националниот Акциски план за ОВП 2018-2020. На он-лајн средбата учествуваа 36 претставници од институциите, граѓанските организации, меѓународните организации, меѓу кои членовите на Советот. Отворено владино партнерство е доброволна меѓународна иницијатива која цели кон обезбедување конкретни заложби од страна на...

АЗЛП ќе поднесе кривична пријава за споделувањето на податоците на заболените од Ковид-19 во Куманово

Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) соопшти дека поднесува кривична пријава против непознат сторител поради објавувањето на списоците со лични податоци (име и презиме, матичен број и адреса) на лица со Ковид-19 од Куманово, кои интензивно се споделуваа на социјалните мрежи, а за што пишуваше „Порталб.мк“ и пренесе „Мета.мк“. Кривичната пријава е за злоупотреба на лични податоци од член...

Истражување на „Метаморфозис“: Реформата на јавната администрација е најзабележлива во дигитализацијата, најбавна во функционалните анализи 

Реформата на најкомплицираниот дел од општеството за реформирање - јавната администрација напредува, иако не со посакуваната брзина и сегментирано. Најголем напредок е забележан во процесот на дигитализацијата, а најбавно се спроведуваат функционалните анализи, се наведува во денеска објавеното истражување на Фондацијата за интернет и општество, „Метаморфозис“. Второто по ред истражување за текот на реформите во јавната администрација, беше спроведено во...

Во извештајот на ЕК препознаени препораките на проектот ACTION SEE и на „Метаморфозис“ за Стратегијата за транспарентност

Европската Комисија (ЕК) во краткиот извештај што го објави во понеделникот, препорача Европската Унија (ЕУ) да отпочне преговори со Северна Македонија и со Албанија за членство во Унијата, а меѓу позитивните забелешки, ЕК спомена дека земјата преземала значителни чекори за зајакнување на независноста на судството, го подобрила учинокот во борбата против корупцијата и организираниот криминал, а постигнала напредок и...

„Јавната соба“ ја покажа темната страна на затворените интернет групи

Последниот случај со компромитирачки фотографии споделени во мрежа на апликацијата „Телеграм“ кој сѐ уште ја бранува јавноста, е пример кој докажува дека младите не знаат како да ги заштитат своите лични податоци и да ја зачуваат својата приватност на Интернет. По повод 28 јануари - Европскиот ден на заштита на личните податоци побаравме одговори од повеќе компетентни соговорници за...

„Призма“: План за задушување на граѓанските организации под маската на „десороизацијата“

Цели три седмици пред тогашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да порача од протестите пред Државната изборна комисија дека ќе се случува „десороизација“, тој процес веќе на големо се одвивал - три седмици претходно институциите почнале да се подготвуваат за една од најголемите акции на притисоци и закани врз критичарите на тогашната власт, пишува „Призма“ во својата анализа за...

Заштитата на личните податоци може да тргне рикверц поради немање директор на ДЗЛП

Речиси една и пол година откако го доставивме нацрт-законот за заштита на личните податоци во Министерството за правда, откако тој обилно се проверуваше и менуваше, веќе е подготвен и усогласен со ГДПР (генералната регулатива на Европската унија за заштита на податоците) и крајно време е да се донесе, бидејќи сега остана само да се изгласа во парламентот. Се надевам...

„Метаморфозис“ во Сараево ја презентираше својата борба против дезинформациите

Фондацијата „Метаморфозис“ ги презентираше своите активности во борбата против дезинформациите во земјава и во регионот на меѓународната конференција „Политичката отчетност и новите технологии - ПОИНТ“ (Political Accountability and New Technologies – POINT), што се одржа во Сараево, БиХ, од 16 до 18 мај. Еден од организаторите на конференцијата беше и мрежата ACTION SEE, која дејствува во шест балкански земји, а...

Мрежата СТЕП оформи четири заеднички туристички пакети за Полог и Елбасан

На дводневна работилница што се одржа во Грамш, во регионот Елбасан во Албанија, минатата седмица, „СТЕП – проектот за зајакнување на иновативен туризам" оформи четири туристички пакети што ќе се реализираат заеднички во регионите Полог во Македонија и во Елбасан. Во втората работилница од овој тип учествуваа повеќе од 50 субјекти што се занимаваат со туристички дејности: туристички агенции, хотели, хостели,...

Фондацијата “Метаморфозис” и МИОА со ново видео го одбележуваат Денот на побезбеден интернет

Во над 140 земји од светот денеска се одбележува меѓународниот Ден на побезбеден интернет под мотото „Заедно за подобар интернет“. Одбележувањето на овој ден претставува повик за акција кон сите засегнати страни, со заеднички сили да помогнат во креирањето на подобар интернет за сите, особено за младите. Фондацијата “Метаморфозис” во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) го одбележуваат...

Истражување: Нема реформа на правосудството без политичка волја

Мора да има политичка волја за реформи во правосудството и цврсто опстојување на имплементацијата на законските реформи, со што ќе се демонстрира дека политичката елита цврсто стои зад принципот на поделба на власта во земјата. Ова е најважната препорака од истражувањето на Фондацијата „Метаморфозис“, во рамките на регионален проект за оцена на исполнувањето на политичките критериуми за пристапување на земјите...

16 граѓански организации побараa итно да се повлечат измените на Кривичниот законик

Вкупно 16 граѓански организации денеска од претседателот на Собранието и од пратениците-предлагачи, побараа итно да го повлечат Предлогот на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка. Тие сметаат дека со промената во членовите на Кривичниот законик, ќе им се овозможи во предметите кои ги води СЈО да се изречат помали казни или делата да застарат...

Истражување: Изборниот систем e сериозен извор на кризи во Македонија

Изборниот систем, ваков каков што е сега, е сериозен извор на кризи во земјава. Ова е генералниот заклучок од истражувањето на Фондацијата „Метаморфозис“ во рамките на регионален проект за оцена на исполнувањето на политичките критериуми за пристапување на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија. Истражувањето, кое е правено врз база на претходно развиена прецизна методологија и со помош на...

Онлајн апликација за членство во проектот за иновативен туризам (СТЕП)

Заинтересираните туристички капацитети кои сакаат да станат дел од мрежата на Проектот за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП), отсега тоа ќе може да го направат и електронски. Тоа може да се стори со пополнување на овој електронски формулар, по што од СТЕП ќе контактираат со апликантот. Целта на СТЕП е промовирање на енергичен туристички сектор кој ефикасно се прилагодува на потребите...

Конференција „Слободата и интернетот во Македонија“ утре во МСУ

Во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје утре ќе се одржи конференцијата „Слободата и интернетот во Македонија“ во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ која е дел од одбележувањето на 25-годишнината од постоењето на Фондацијата Отворено општество Македонија(ФООМ) - #ФООМ25. На конференцијата ќе се дискутира за лажните вести, развојот на интернетот во земјата, како и за предизвиците...

„Слобода на интернет“: Потребна е едукација, поголема свесност и транспарентна судска пракса

Повеќе од потребно е да има едукација, поголема свесност и транспарентна судска пракса која ќе биде гарант за владеењето на правото и слободата во интернет сферата, како и специјализирани судски одделенија и судии за авторки права, беа некои од заклучоците од вториот јавен настан „Слобода на интернет“, организиран од Фондацијата „Метаморфозис“, а спроведен во соработка со Факултетот за информатички...

„Метаморфозис“ и „Мајкрософт“ нудат можности за донации на софтвер за граѓанските организации

Во Конгресниот центар на Скопски саем утре ќе се одржи „Ден на Мајкрософт“, посветен на граѓанскиот сектор, на тема „Технологијата во облак (cloud) го помага општеството“. „Денот на Мајкрософт“ посветен на НВО-секторот, организиран од Фондацијата „Метаморфозис“ со поддршка на „Мајкрософт“, ќе им овозможи на претставниците на граѓанскиот сектор да научат повеќе за можностите да добијат софтверски донации и донација во...

СЕММ: Медиумите што не го пренеле демантот на „Метаморфозис“, ги прекршиле Кодексот и Уставот

„Курир“, „Лидер“, „Македонија 24“, „Нетпрес“, „Пулс 24“, „Република“ и телевизиите „Канал 5“, „Сител“ и „Нова“, не објавувајќи го испратениот демант од Фондацијата „Метаморфозис“, го прекршиле Кодексот на новинарите на Македонија, односно неговиот член 3, но и членот 16 на Уставот на Република Македонија, заклучи Советот за етика во медиумите на Македонија. Жалбата е за текстови и за телевизиски прилози од прес-конференција...

„Метаморфозис“: Не организираме обуки за протести, Маневски грубо манипулира

Тврдењата објавени на 21 март 2017 година од страна на медиумите „Дневник“, телевизија „Нова“ и „Вечер“, припишани на Михајло Маневски, за каква било поврзаност на Фондацијата „Метаморфозис“ со насилство, претставуваат груба манипулација и искривување на вистината, се вели во демантот на „Метаморфозис“. „Фондацијата „Метаморфозис“ преку своите обуки ги гради капацитетите на невладините организации за користење на новите технологии за да...

Сатирична објава – личните документи ќе се менуваат и по смената на власта

Граѓаните со стари патни исправи со името Република Македонија не може да патуваат и да ги поминат македонските гранични премини. МВР информираше дека оние граѓани кои имаат двојно државјанство...