fbpx

„Метаморфозис“ во Сараево ја презентираше својата борба против дезинформациите

-

Фондацијата „Метаморфозис“ ги презентираше своите активности во борбата против дезинформациите во земјава и во регионот на меѓународната конференција „Политичката отчетност и новите технологии – ПОИНТ“ (Political Accountability and New Technologies – POINT), што се одржа во Сараево, БиХ, од 16 до 18 мај.

Еден од организаторите на конференцијата беше и мрежата ACTION SEE, која дејствува во шест балкански земји, а Мила Јосифовска, менаџерот на овој регионален проект, кој е спроведуван и од „Метаморфозис“ го презентирашеИндексот на отвореност“ како специфична и влијателна алатка што ја мери отвореноста на јавните институции и нивното почитување на принципите на доброто владеење.

Филип Стојановски, директорот за партнерства и развој на ресурси на „Метаморфозис“, на првиот ден на конференцијата ги презентираше искуствата и сознанијата од борбата против дезинформациите.

Тој објасни како „Метаморфозис“ работи на планот на разоткривање на дезинформациите, врз основа на комбинираното искуство од сферата на дигиталните права и промовирање на професионално новинарство и поддршка на медиумскиот плурализам. Овие иницијативи се интегрален дел од програмите на фондацијата за промовирање отчетност на функционерите, политичарите и другите учесници, вклучувајќи ги тука и медиумите.

Пристапот на „Метаморфозис“ ги опфаќа „Вистиномер“, основан во 2011 година, „Сервисот за проверка на факти“ основан во 2012, како и „КриТинк“, кој почна со работа во 2018 година, и нивната синергија со медиумските проекти на „Метаморфозис“ – „Порталб“ и „Мета“.

– Фактите се клучни, но се недоволно присутни во медиумската сфера во неколку балкански земји, поради внатрешно-политички и уреднички претпоставки, што влијае на новинарската работа околу регионалната прашања. Основната проверка на факти не е секогаш доволна, и потребно е да се објасни контекстот, бидејќи публиката во различни земји не е секогаш упатена со случувањата надвор од границите на својата земја. Зголемена соработка меѓу новинарите што ја следат работата на властите, проверувачите на факти и активистите ќе овозможи неопходно културно спознание кое е неопходно за да се разоткриваат и новите дезинформации, но и оние старите, што се рециклираат – рече Стојановски.

Тој напомена дека преку продукцијата на текстови на македонски, албански, англиски, и делумно и на српски, бугарски и грчки, „Метаморфозис“ отвора можности за соработка и создава извори на материјали за проверувачите на факти и професионалните новинари од соседните земји.

Важноста на ваквиот пристап ја потврди и презентацијата на дигиталниот активист и претприемач, Белгиецот Мартин Шенк, кој објасни како ја открил „наднационалната мрежа за лажни вести“ со седиште во Куманово откако ги детектирал нејзините сомнителни активности на социјалните мрежи, а потоа ги открил одговорните преку анализирање на јавно достапните информации.

Како резултат на тоа, веб-страниците што ги „спамирале“ читателите во САД и ЕУ со дезинформации за муслиманите и имигрантите се затворени.

– Она што навистина добро функционираше во овој случај беше јавното разоткривање преку медиумите – рече Шенк, прикажувајќи една од статиите на англиски јазик на „Мета“ за кумановската мрежа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...