fbpx

Во извештајот на ЕК препознаени препораките на проектот ACTION SEE и на „Метаморфозис“ за Стратегијата за транспарентност

-

Европската Комисија (ЕК) во краткиот извештај што го објави во понеделникот, препорача Европската Унија (ЕУ) да отпочне преговори со Северна Македонија и со Албанија за членство во Унијата, а меѓу позитивните забелешки, ЕК спомена дека земјата преземала значителни чекори за зајакнување на независноста на судството, го подобрила учинокот во борбата против корупцијата и организираниот криминал, а постигнала напредок и во реформите на разузнавачките служби и на јавната администрација. Посебно беше одбележана и Стратегијата за транспарентост на Владата на Република Северна Македонија, која беше еден од главните пунктови на реформата на јавната администрација.

Стратегијата е резултат на препораките кои произлегуваат од Индексот на отвореност, а Фондацијата „Метаморфозис“ даде голем придонес во нејзиното креирање преку проектот ACTION SEE, финансиран од Европската унија, заедно со експертска и финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Во мини-извештајот на ЕК предмет на   дополнителен скрининг беа реформите во судството, во безбедносниот сектор и на јавната администрација. Во однос на судството, извештајот на Европската Комисија нотира засилено темпо на имплементацијата на реформите.

Во прилог на тоа оди и новиот Закон за Јавно обвинителство кој за ЕК е гаранција дека ќе се обезбеди владеење на правото и дека предметите на СЈО целосно ќе се затворат со правосилна пресуда. Европската Комисија нотира позитивни реформи и во секторот за безбедност и разузнавање каде што се потенцира новиот закон, но и активирањето на Оперативно – техничка агенција (ОТА) и Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Во извештајот се заклучува дека постои засилен надзорен капацитет во службите, но и на Собранието кон безбедносниот сектор. Во однос на реформите во јавната администрација се потенцираат владините активности за поголема транспарентност манифестирана со донесување на Стратегијата за транспарентност 2019-2021, но и со воведување на бази на податоци за поголемна отчестност и напорите за дигитализација (е-портал) и олеснување на пристапот на граѓаните кон услугите на институциите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...