fbpx

АЗЛП ќе поднесе кривична пријава за споделувањето на податоците на заболените од Ковид-19 во Куманово

-

Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) соопшти дека поднесува кривична пријава против непознат сторител поради објавувањето на списоците со лични податоци (име и презиме, матичен број и адреса) на лица со Ковид-19 од Куманово, кои интензивно се споделуваа на социјалните мрежи, а за што пишуваше „Порталб.мк“ и пренесе „Мета.мк“.

Кривичната пријава е за злоупотреба на лични податоци од член 149 од Кривичниот законик, а ќе ја поднесе директорот на Агенцијата.

Оваа институција, која е чувар на приватноста истовремено укажува дека „ваквата обработка на личните податоци вклучително и фотографирање на списоци со лични податоци на лица кои се инфицирани со корона вирусот или пак се во домашна изолација или во државен карантин, како и нивно објавување и било какво друго споделување без законски основ, претставува прекршување на одредбите од Законот за заштита на личните податоци и од член 149 од Кривичниот законик за што е пропишана парична казна или казна затвор.

„Агенцијата за заштита на личните податоци нагласува дека исклучоците за обработка на овие податоци утврдени со закон, НЕ се однесуваат на јавно објавување на личните податоци за инфицирани лица или лица во самоизолација, па оттука секое објавување и споделување на лични податоци од страна на неовластени лица, за лица заболени од корона вирус или лица кои се во домашна изолација или во државен карантин, претставува повреда на приватноста и на правото на заштита на личните податоци и подлежи на санкции согласно закон“, соопшти АЗЛП.

Инаку, како што за „Порталб.мк“ и „Мета.мк“ изјави Елена Стојановска, експерт од областа приватноста и заштитата на лични податоци од Фондацијата „Метаморфозис“, споделувањето на фотографија од список на жители на Куманово инфицирани со Covid-19, е проблематично од повеќе аспекти.

– Пред се, на фотографијата нема податок кој јасно укажува на тоа кој е примарниот имател на тие податоци, осносно од која база се овие податоци извадени. Со самото ова, дискутабилна е и вистинитоста на самите податоци. Ако тргнеме од претпоставката дека ова се вистинити податоци, тогаш лесно може да се констатира дека има кршење на правото на заштита на личните податоци со самото споделување на податоците надвор од рамките на институциите кој се надлежни да ги видат овие евиденции и нивно ширење по електронски пат – рече Стојановска.

Според неа, согласно Законот за заштита на личните податоци, податоците што се однесуваат на здравјето, вклучувајќи и податоци за добиената здравствена заштита се посебна категорија на податоци или чувствителни лични податоци.

– Со самото ова, забранета е обработка на посебните категории на лични податоци освен по исклучок односно ако обработката е неопходна за целите од јавен интерес во областа на јавното здравство, како што се заш тита против сериозни прекугранични закани за здравјето или обезбедување на високи стандарди за квалитет и безбедност на здравствената заштита. Овој исклучок се однесува на обемот на личните податоци кои се собираат без согласност на граѓаните во време на криза како што е справувањето со Covid 19, нивното споделување помеѓу институциите, мапирањето и слично. Овој исклучок НЕ се однесува на јавно објавување на личните податоци за инфицирани лица или лица во самоизолација – вели таа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...