Фото: Фејсбук страна на Центарот за демократска транзиција

Утре со почеток од 10:30 часот, Центарот за демократска транзиција – ЦДТ заедно со Собранието на Црна Гора организираат коференција на тема: „Западен Балкан и ЕУ: демократска консолидација преку исполнување на политичките критериуми“, под покровителство на Balkan Trust for Democracy и Norwegian Embassy in Belgrade.

Конференцијата може да се следи онлајн на Фејсбук страната на ЦДТ, но и преку порталот www.vijesti.me.

На конференцијата ќе учествуваат претседателот на Собранието на Црна Гора, Алекса Бечиќ, извршниот директор на ЦДТ, Драган Копривица, директорката на Балканскиот фонд за демократија, Гордана Делиќ, амбасадорот на Кралството Норвешка во Србија, Северна Македонија и Црна Гора, Н.Е. Јорн Јелст и амбасадорката на Европската унија во Црна Гора Н.Е. Оана-Кристина Попа.

Наодите за исполнувањето на политичките критериуми за влез во ЕУ од страна на Северна Македонија ќе ги презентира извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари.

Покрај Центарот за демократска транзиција и Фондацијата Метаморфозис, како партнери во проектот учествуваа ЦРТА од Србија, како и „Зашто Не?“ од Босна и Херцеговина.