На 25 и 26 ноември годинава, ќе се одржи 16-то издание на конференцијата е-Општество на тема „Вклученост и ефективност – доброто владеење и интернетот“, која ја организира Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис.

На конференцијата ќе учествуваат експерти, активисти, новинари, државни службеници и поддржувачи од регионот на Западен Балкан и пошироко за да ги споделат своите ставови и размислувања на темата. Настанот е отворен за јавноста и оваа година ќе се одржи online преку Зум платформата.

Агендата и формуларот за регистрација се достапни на овој линк.