fbpx
Таг: Европска комисија

таг: Европска комисија

Унгарија ќе ја обжали одлуката на ЕК за релокација на мигрантите

Унгарија денеска до Европскиот суд за правда ќе поднесе жалба поради обврзувачката одлука на Европската комисија за релокација на бегалци на унгарска територија, соопшти унгарскиот премиер Виктор Орбан. Орбан истакна дека квотите за релокација на бегалците придонеле за ширење на тероризмот во Европа. ЕУ воведе механизам на квоти за прераспределба на 120.000 баратели на азил во нејзините 28 членки. Европската комисија кон...

Иванов побара од Тимерманс неодложна помош за справување со бегалската криза

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Брисел се сретна со Франс Тимерманс, прв потпретседател на Европската комисија, со кој разговарал за предизвиците со кои се соочува земјата поради мигрантската и бегалската криза, како и за актуелната безбедносна состојба на европскиот контитент. Претседателот Иванов го информирал Тимерманс дека од почетокот на кризата земјата се потпира на сопствени ресурси, додека...

Схинас: Европската комисија е таа што ги натера земјите да комуницираат за кризата

Европската комисија денеска ги отфрли обвинувањата дека не прави доволно за да се надмине недостигот од комуникација меѓу македонските, грчите и европските институции во справувањето со бегалската криза. - Да ве потсетам, дека до 25 октомври, кога Комисијата ја организираше лидерската средба за менаџирање на напливот на бегалци на балканската рута, немаше никаков воспоставен систем на комуникација меѓу земјите што се опфатени...

Иванов во дводневна посета на Брисел, ќе се сретне со Тимерманс и Столтенберг

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел, соопштија од кабинетот на претседателот. Како што е предвидено, Иванов денеска ќе се сретне со првиот потпретседател на Европската комисија, Франс Тимерманс, а утре македонскиот претседател ќе оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. „Во фокусот на разговорите на претседателот Иванов со неговите соговорници...

Коцијанчич: Европската комисија ги осудува заканите кон новинарите

Европската комисија им дава голема важност на слободата на изразувањето и на слободата на медиумите, изјави Маја Коцијанчич, одговарајќи на новинарско прашање за вчерашните наводни закани од опозицијата кон новинари блиски до власта. Коцијанчич потсети дека во извештајот за напредокот за Македонија се осудува заканувањето и застрашувањето на новинарите од кого било. - Тоа е наведено и во препораките за Македонија,...

ЕК го поздрави изборот на новата влада

Европската комисија денеска кусо реагираше на вчерашниот избор на новата влада во Македонија, предвидена со Договорот од Пржино. - Европската комисија беше многу јасна со инсистирањето да се имплементира политичкиот договор што беше донесен со посредништво на еврокомесарот Јоханес Хан во текот на летото. Сите чекори во таа насока ги поздравуваме - рече Маја Коцијанчич, портпаролка на еврокомесарот за проширување и за...

ЗНМ: Комисијата во континуитет го истакнува нетранспарентното владино рекламирање

Брисел јасно и недвосмислено вели дека слободата на медиумите во Македонија назадува, дека има насилство против новинарите, дека владата директно и индиректно се вмешува во уредувачката политика на медиумите преку нетранспарентно рекламирање, велат од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), како реакција на извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија. - Во извештајот Комисијата посветува соодветно внимание на сите...

Ахмети: Извештајот е огледало на состојбата во Македонија

Извештајот е реално огледало на општата состојба во Република Македонија и обврска за институциите да дејствуваат во согласност со очекувањата на Брисел, оценил лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, кој денеска го примил извештајот за напредокот на земјава од амбасадорот на Европската унија во Македонија, Аиво Орав, соопштија од партијата. Ахмети на средбата со Орав го изразил своето...

Два милиони евра помош за децата-бегалци во Македонија и во Србија

Директоратот на Европската комисија за хуманитарна помош и за цивилна заштита (ЕКХО) одобри два милиони евра за Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) за децата-бегалци во Србија и во Македонија, соопштено е денеска. Во соопштението се наведува дека тоа е прв придонес што Директоратот го дава на УНИЦЕФ за потребите на бегалците и на мигрантите кои се движат низ Европа. „Проектот ќе обезбеди...

ЛП: Извештајот е јасен, напредокот на земјата зависи од легалноста на изборите

Извештајот е реален и недвосмислено ги идентификува бројните и витални моменти во временскиот период од последните избори до денес, кои кулминираа со познатата криза и со Договорот од Пржино, а повторувањето на препораката значи дека Македонија има шанса, со надминување на кризата, да го забрза процесот за почнување на преговорите, се вели во соопштението на Либералната партија (ЛП) во...

Турција ги оцени критиките на ЕК како неоправдани и неприфатливи

Турските власти денеска ги отфрлија како неоправдани критиките на Европската унија за непочитување на владеењето на правото и на слободата на изразување, изнесени во годишниот извештај за ситуацијата во Турција, која сака да стане членка на ЕУ. „Критиките се неоправдани и неприфатливи“, соопшти турското министерство за надворешни работи и додаде дека владејачката партија на правдата и развојот (АКП) е на...

Груевски: Народот може да даде најдобра оценка за извештајот

Македонија седма година по ред добива препорака од Европската комисија за почеток на преговори за членство во Европската унија, изјави премиерот Никола Груевски, откако од амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, го прими годишниот извештај за напредокот на земјата во евроинтеграциите. Груевски рече дека политичкиот извештај ги оценува карактеристиките на Македонија низ призмата на интересите на ЕУ и додаде...

За Иванов извештајот на Европската комисија е објективен

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими амбасадорот на Европската унија во Македонија, Аиво Орав. Орав на Иванов му го врачи извештајот за напредокот на Република Македонија за 2015 година и го информира за клучните оцени содржани во документот подготвен од Европската комисија. Иванов оценил дека и годинешниот извештај на Европската комисија дава објективна слика на актуелните состојби во...

Незири: Условената препорака, позитивен сигнал за Македонија

Условената препорака на Европската комисија за Македонија е позитивен сигнал за нашата држава, смета министерот за економија, Беким Незири, и додава дека „наша должност е да ги имплементираме другите задачи што произлегуваат од препораката на Европската унија, за што побргу да станеме нејзина членка“. Дали ДУИ ќе има конкретни предлози и сугестии околу исполнувањето на Рамковниот договор, кој беше споменат во рамките...

Термините корупција, криза, медиуми драстично се намножија во извештајот на ЕК

Во извештаите што Европската комисија ги дава за напредокот на Македонија во изминатите четири години, се забележуваат разлики во фреквенцијата на користење на некои клучни зборови, што е индикатор на влошување на состојбите во одредени подрачја. Така, на пример, терминот „корупција“ во извештајот во 2012 година е спомнат 39 пати, во 2013 година е спомнат 37 пати, во 2014 година...

Шекеринска: Со многу труд ја спасивме препораката

Среќни сме што со многу напори, искрена посветеност кон граѓаните и кон Македонија, успеавме да ја спасиме препораката на Европската комисија за Македонија, рече денеска на прес-конференција заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска. - Препораката, за жал, по 10 години од добиениот кандидатски статус, е условена и тоа е дело на несериозната актуелна власт. Тоа што е добро е што „Вистината...

ЕК: Балканот напредува кон ЕУ, но претстојат уште многу реформи

Балканските земји направиле чекор во реформите кон членство во ЕУ, но мора да се спроведат уште мноштво реформи, е суштината на годишните извештаи на Европската комисија за напредокот на овие земји. Во врска со БИХ, спроведувањето на реформите од агендата, која е условена во јули, претставува услов за разгледување на нејзината пријава за членство во ЕУ, се наведува во извештајот...

СДСМ: Условена препорака зашто ни Брисел повеќе не му верува на Груевски

Препораката од ЕУ за почеток на преговорите на Македонија, за жал, е условена поради тоа што ни Брисел повеќе не му верува на Никола Груевски, велат од СДСМ по објавувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија. „Заедно со граѓаните, успеавме да ги задржиме евро-интеграциските процеси на Македонија, сериозно доведени во прашање од политиките на актуелната власт. Има...

Схинас: Европската комисија ги затвора извештаите за напредок

Европската комисија е во процес на затворање на извештаите за прогресот на земјите-кандидатки за членство во ЕУ, соопшти денеска портпаролот на комисијата, Маргаритис Схинас. Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент утре ќе има средба со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, посветена на прогрес-извештајот за проширувањето, но засега сè уште не се знае кога Европската комисија ќе ги објави извештаите. -...

Брисел: Договорот да се спроведе докрај

Европската комисија денеска ги повика политичките партии во Македонија да ги преземат преостанатите неопходни чекори за целосно спроведување на Договорот од Пржино. - Јасно ни е дека партиите се блиску до постигнување договор. Го охрабруваме сите партии да ги направат сите преостанати неопходни чекори во однос на имплементирање на обврските од Договорот од 2 јуни и од 15 јули. Тоа е особено важно...