fbpx

СДСМ: Условена препорака зашто ни Брисел повеќе не му верува на Груевски

-

Препораката од ЕУ за почеток на преговорите на Македонија, за жал, е условена поради тоа што ни Брисел повеќе не му верува на Никола Груевски, велат од СДСМ по објавувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија.

„Заедно со граѓаните, успеавме да ги задржиме евро-интеграциските процеси на Македонија, сериозно доведени во прашање од политиките на актуелната власт. Има корупциски скандали и мешање на политиката во институциите во Македонија. Договорот од Пржино е најдобар начин да се стави крај на политичката криза. Примената на Договорот ќе се разгледа по изборите, кога ќе следува нов извештај од ЕУ за Македонија. Ова е директно изговорено од еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, предмалку во Брисел“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според СДСМ, ова е директна порака до Никола Груевски и до неговата власт, дека не смее да си дозволи да не го почитува договореното или да помисли на криминален, корупциски, насилен изборен процес.

Од партијата велат дека продолжуваат да работат на нормализација на државата и дека се одлучни по 24 април да ја вратат слободна и европска Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...