fbpx

Џафери: За неспроведувањето на анализата на Рамковниот договор одговорна е целата влада

-

Потпретседателот на ДУИ и вицепремиер за спроведување на Охридскиот рамковен договор, Муса Џафери, денеска пред Клубот на пратениците рече дека продолжуваат со дебатата за Охридскиот договор.

Како што кажа Џафери, на средбата присуствуваат претставници на политичките партии, универзитетски професори и претставници на невладини организации кои се занимаваат со таа област.

– Има различни мислења во однос на тоа дали прашањата за употребата на јазикот треба да се регулираат во Уставот или со посебен закон. Ние треба да создадеме атмосфера и да покажеме политичка волја за да ги спроведеме овие активности – изјави Џафери.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали чувствува одговорност како вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор што и по неколку барања напишани во извештајот за напредокот на државата сè уште не е направена анализа на Рамковниот договор, Џафери изјави дека одговорноста за неспроведувањето на анализaта на Рамковниот договор е колективна, односно на цела Влада. Според Џафери, анализата се спроведува сега и таа ќе биде за добро на сите граѓани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....