fbpx
Таг: Европска комисија

таг: Европска комисија

Попоски и Даниелсон разговараа за изборите во Македонија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска во Европската комисија во Брисел се сретнал со генералниот директор на Директоратот за проширување, Кристијан Даниелсон. На средбата, како соопштија од МНР, меѓу другото, биле разменети мислења за европските перспективи, реформските приоритети, подготовките за изборниот процес и, во тој контекст, за идните чекори на Европската комисија. Соговорниците се согласиле дека изборите...

Попоски денеска во Брисел

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска е во посета на Брисел. При посетата Попоски ќе се сретне со претставници на Европската комисија. Предвидено е тој да се сретне и со генералниот директор на Директоратот за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон. На средбите ќе се разговара за европската интеграција на Македонија во пресрет на извештајот на ЕК, како и за предизвиците поврзани со...

Хан: ДИК има доволно време да го подготви избирачкиот список

Несомнено треба да има избори во Македонија, а Државната изборна комисија треба да го подготви избирачкиот список, за што сега би требало да има доволно време, изјави денеска еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан во Драч, Албанија каде учествува на министерската конференција на Западен Балкан. Еврокомесарот вели дека ако проблемите околу избирачкиот список претходно биле причина за меѓународен...

Столтенберг: НАТО распореди пет бродови во Егејско Море поради мигрантската криза

Северноатлантската алијанса (НАТО) во моментов има распоредено пет бродови кои учествуваат во мисијата во Егејско Море чија цел е да се спречи шверцот на мигранти од Турција во Грција, соопшти денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. На заедничка прес-конференција со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, Столтенберг изјави дека НАТО ќе продолжи со разместување на свои сили во Егејско Море откако...

Германија: Нема услови за избори според европски стандарди

Германија го дели мислењето на Европската комисија во врска со состојбата со подготовките за парламентарни избори во Македонија, односно дека се потребни понатамошни реформски чекори пред да постои можност за избори според европски стандарди, соопштија попладнево од германската амбасада во Скопје. Од амбасадата ги повикуваат сите политички партии вклучени во процесот да вложат напор и да покажат политичка волја да најдат заедничко...

Европската комисија предлага јавен пристап до податоците за мултинационални компании

Европскиот комесар за финансии, Пјер Московиси, денеска изјави дека Европската комисија во април ќе предложи, финансиските податоци на мултинационалните компании во земјите на Европската унија да станат достапни за јавноста. - Секоја мултинационална компанија треба да ги објавува своите активности, резултати,  финансиски и сметководствени податоци во секоја земја поединечно - изјави Московиси за радиото „Франс антер“. Тој истакна дека Организацијата за економска соработка...

Коцијанчич: Ванхауте е само посредник, а ставовите на ЕУ ги презентира Орав

Ставовите на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте не се ставови на Европската унија, изјави за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, одговарајќи на прашање дали ЕУ планира да го замени посредникот бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не сака повеќе да соработува со него. - Улогата на Ванхауте е посредник кој дава техничка експертиза. Претставник на ЕУ во земјата е амбасадорот Аиво Орав, кој...

На австриската граница чекаат 400 мигранти по воведувањето на дневните квоти

Првата група од околу 400 мигранти денеска пристигнала на главниот австриски граничен премин за баратели на азил Шпилфилд (Шентиљ), откако Виена вчера ги воведе новите дневни квоти за мигранти, соопштила портпаролката на австриската полиција, Меделин Хајнрих, јавуваат агенциите. Владата во Виена, и покрај критиките на Европската комисија, оваа недела донесе одлука во земјата дневно да се примаат по 80 баратели...

ЕУ бара да запре приливот на бегалци и да се заштитат надворешните граници

Брзо запирање на приливот на бегалците, заштита на надворешните граници на ЕУ, намалување на илегалната миграција и заштита на интегритетот на шенген-зоната се мерките што Унијата ќе ги преземе како одговор на бегалската криза со која се соочува, стои во заклучоците на Европскиот совет. Меѓу другите заклучоци, објавени денеска на веб-страницата на Европскиот совет, по првиот ден од самитот на европските лидери...

По откажувањето на мини-самитот, агендата на Хан е празна, а посетата на Скопје – неизвесна

Посетата на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, на Македонија, е сè уште неизвесна. Во медиумите се појавија информации дека Хан ќе го одложи доаѓањето поради мини-самитот на ЕУ посветен на бегалската криза, но по неговото откажување агендата на Хан е празна. Ниту во Европската комисија немаат прецизни информации дали Хан утре ќе ја посети Македонија или,...

ЕК е против затворање на македонската граница со Грција

Европската комисија се залага за управување со границите, а не за нивно затворање, изјави портпаролката на Европската комисија, Тове Ернст, на прашањето како се коментираат повиците на Вишеградската група за Македонија да ја затвори границата со Грција. - Европската комисија ја поздравува помошта за Македонија што ја даваат членките на ЕУ за контрола на границата со Грција, преку испраќање полициски и...

Двојна жичена ограда, потоа контролни пунктови, па бегалски кампови?

Поставувањето дополнителна жичена ограда кај котата 59 на македонско-грчката граница, како заштита од илегални преминувања на мигрантите, очигледно е првата фаза од спроведувањето на договорот меѓу Македонија и европските земји за контрола на бегалската криза во пресрет на пролетниот бран, кој се очекува. Втората фаза, според најавите, ќе биде формирањето центри за регистрација. Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, по неформалниот...

ЕК: Порастот на македонската економија ќе изнесува 3,3 отсто

Европската комисија предвидува пораст на македонската економија од 3,3 проценти за годинава и пораст од 3,5 проценти за 2017 година. - Во 2016 и во 2017 година, порастот се предвидува да остане цврст. Домашната побарувачка ќе остане клучен двигател и потрошувачката на домаќинствата се очекува да има корист од позитивните трендови за зголемување на платите, создавањето работни места, како и...

ЕК: Грција сериозно ја запоставила контролата на границите

Грција „сериозно ги запоставила“ своите обврски за контрола на надворешните граници на Европската унија во текот на мигрантската криза, било наведено во нацрт-извештајот на Европската комисија, јавува „Би-Би-Си“. Процените што биле направени по посетата на тим на ЕК на Грција во ноември минатата година, покажуваат сериозни недостатоци на грчкото менаџирање на надворешните граници. Нацрт-извештајот, како што пренесува британскиот национален сервис, нотира пропусти...

Брисел загрижен и разочаран од нападите во говорот на Груевски

Европската унија е разочарана од изјавата на поранешниот премиер Никола Груевски, дознава „Мета“ од официјални извори во ЕУ. „Веќе ја изразивме нашата загриженост и разочараност од изјавата на поранешниот премиер во врска со почитувањето на политичкиот договор – изјави за „Мета“ висок претставник на ЕУ, кој побара да остане анонимен, на прашањето како ги коментира нападите на Груевски врз олеснувачот...

Коцијанчич за „Мета“: Ја охрабруваме новата влада да спроведе кредибилни избори

Европската комисија повторно ги потсетува политичките партии дека спроведувањето на Договорот од Пржино е од најголема важност за враќањето на Македонија кон евроатлантскиот пат, изјави за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, додавајќи дека работата на специјалниот обвинител е од витално значење за да се врати довербата во владеењето на правото. - Ја имаме предвид оставката на поранешниот премиер...

ЕК почнала истрага за новите, контроверзни закони во Полска

Европската комисија (ЕК) отворила истрага која треба да утврди дали новите полски закони ги кршат демократските начела на Европската унија (ЕУ), објави заменик-претседателот на ЕК, Франс Тимерманс, пренесува „Би-Би-Си“. Станува збор за измените на законите со кои полската влада ги стави под контрола Уставниот суд и јавните медиуми во земјата. Механизмите на ЕУ ѝ овозможуваат на Европската комисија да реагира и...

Европската комисија потврди: Хан ќе дојде во Скопје

Европската комисија денеска потврди дека еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, ќе го посети Скопје во текот на месецов, но засега не открива кога ќе се случи тоа. - Јоханес Хан ќе го посети Скопје, но кога тоа точно ќе се случи, сè уште не можам да потврдат - соопшти Кетрин Реј, портпаролката на Европската комисија,. Реј, сепак, не откри детали за...

Брисел не сака да го коментира предлогот за медиумите на Ванхауте

Европската комисија не сака да шпекулира за деталите од тековните преговори за законот за медиуми, изјави портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како го коментираат предлог-законот што го доставил олесувачот Питер Ванхауте, а кој не е во согласност со законите за медиуми на ЕУ. - Продолжуваме со работата што ја правиме како Европска унија, со целосно...

ЕК отвори истрага против „Мекдоналдс“ поради избегнување на плаќање данок

Европската комисија покренала официјална истрага околу договорот на „Мекдоналдс“ со Луксембург, поради сомнеж дека благодарение на него компанијата плаќала помали даноци од оние што се предвидени во согласност со законите и правилата на Европската унија (ЕУ). Како што пренесува ХРТ, работничките синдикати неодамна го обвинија „Мекдоналдс“ дека избегнал плаќање на околу една милијарда евра данок во периодот од 2009 до...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...