fbpx

ЕУ бара да запре приливот на бегалци и да се заштитат надворешните граници

-

Брзо запирање на приливот на бегалците, заштита на надворешните граници на ЕУ, намалување на илегалната миграција и заштита на интегритетот на шенген-зоната се мерките што Унијата ќе ги преземе како одговор на бегалската криза со која се соочува, стои во заклучоците на Европскиот совет.

Меѓу другите заклучоци, објавени денеска на веб-страницата на Европскиот совет, по првиот ден од самитот на европските лидери во Брисел, посветен на мигрантската криза и на останувањето на Британија во ЕУ, се наведува дека континуираниот нерегулиран прилив на мигранти долж западно-балканската рута останува сериозна причина за загриженост.

„Тоа бара понатамошна заедничка акција и ставање крај на пропуштањето и на некоординираните мерки долж рутата, имајќи ги предвид хуманитарните последици по загрозените земји-членки“, се наведува во заклучокот.

Исто така, се констатира дека хуманитарната ситуација на мигрантите долж западно-балканската рута бара итна акција, со сите расположливи национални и средствата на ЕУ за да се ублажи.

„За таа цел, Европскиот совет смета дека е неопходно сега ЕУ да почне да дава хуманитарна помош интерно, во соработка со организациите како што се УНХЦР, и да ги поддржува земјите кои се на удар на најголемиот прилив на бегалци и на мигранти“, стои во заклучоците.

Во документот, исто така, се наведува дека сите елементи од стратегиите, усогласени во декември минатата година, треба бргу да се применат, вклучувајќи ги и одлуките за распоредување на беглаците и мерките за враќање и за реадмисија. Во врска со европската погранична и крајбрежна стража, се истакнува дека треба да се забрза работата за да се постигне политички договор за тоа.

Европскиот совет ја повикува Европската инвестициска банка бргу да ги разработи идеите и во соработка со Европската комисија да достави одговор до ЕУ.

Во заклучоците стои и дека ЕУ, особено пограничната служба Фротекс, треба тесно да соработува со НАТО во извидување и во контролирање на илегалното преминување во Егејско Море.

Еден од заклучоците е дека целосната и брза примена на Акциониот план ЕУ – Турција останува приоритет, за да се запре приливот на мигранти и да се оневозможат активностите на шверцерските мрежи, со оцена дека е потребно значајно и одржливо да се намали бројот на илегалните влегувања од Турција во ЕУ.

Европската унија и земјите-членки треба да им дадат целосна поддршка на релевантни трети земји, опфатени со пакетите за поттик, на кои во моментот се работи, за во одредени земји да се обезбеди ефикасно враќање и реадмисија.

Европскиот совет ги повика Европската комисија, високата претставничка за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, и земјите-членки да ја следат состојбата и да ги решат сите фактори што би можеле да поттикнат прилив на мигранти.

Исто така, се порачува дека треба да се продолжи со давање хуманитарна помош на сириските бегалци и на земјите со кои Сирија граничи, што е, како што е оценува во заклучоците, „итна глобална одговорност“.

Во однос на шенген-зоната, Европскиот совет го подвлекува значењето на заедничко воспоставување на нормално функционирање на зоната и целлосна поддршка на земјите што се соочуваат со тешки услови.

„Мораме да се вратиме на ситуацијата во која сите членки на шенген-зоната во целост ќе ги применуваат шенгенските погранични прописи и нема да дозволуваат влез низ надворешните граници на државјани на трети земји, кои не ги исполнуваат условите за влез или кои не поднеле барање за азил иако имале можност за тоа“, заклучил Европскиот совет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...