Ќе заработат ли сопствениците на земјиште од експресниот пат Штип – Кочани?

-

На денешната јавна расправа во Штип за експресниот пат Штип – Кочани, сопствениците на имоти дознаа дека ќе останат без дел од нивите. И без оглед дали ќе се спогодат за цената што ќе им ја понуди државата, земјиштето им се одзема по сила на законот бидејќи се работи за проект од јавен интерес.

Доколку не се договорат за цената што ќе им ја понуди државата, последна станица е судот, но тоа не го спречува градењето на патот и работите непречено ќе се одвиваат.

„Нè враќаат во 1947 година, кога земјиштето во социјалистичка Југославија им беше одземено на земјоделците и доделно на државата“, реагираа дел од присутните сопственици.

Други очекуваа да слушнат колку пари ќе добијат за нивите. Дали од нивите кај Сарчиево, Балван и кај Три Чешми ќе заработат како сопствениците што ги дадоа нивите за изградба на аеродромот кај Свети Николе.

Претставници на Агенцијата за државни патишта и проектантот на трасата објаснија дека експресниот пат ќе минува паралалено со посточекиот пат Штип – Кочани, откако ја напуштиле претходната траса по реакцијата на Општината Чешиново – Облешево дека експресниот пат ќе минува низ неколку села, каде и досега имаше неславни рекорди на човечки жртви од сообраќајќи.

На приватните сопственици ќе им биде понудена спогодба со државата откако проценители ќе ја одредат цената. Присутните сопственици, главно повозрасни луѓе, не добија одговор колку ќе добијат за своите парцели.

Еден од аргументите на присутните беше дека парите за нивите ќе ги потрошат, дека треба да се размислува од што потоа ќе живеат. Тогаш падна и предлог за промена на трасата на патот.

„По целата траса на патот погоре со поместување од два-три километри има слободно земјиште што не се обработува. Тоа е државно земјиште и ќе избегнеме и спогодби и судови. Оставете нè да си ја обработуваме земјата“, предложи еден од помладите сопственици, кој, како што рече, потрошил години за да го добие земјиштето, а патот поминува среде неговата плантажа од 95 декари лозје.

Бошко Целаков од проектантскиот тим на „Чакар и партнерс“ објасни дека првата делница од 14,3 километри ќе поминува низ државно и приватно земјиште и го опфаќа просторот од Технолошката зона во Штип (ТИРЗ) до населбата Ванчо Прке.

„Патот ќе биде широк 11,4 метри за во иднина да прерасне во авотпатско решение. Ќе опфати од 450 до 500 хектари од кои две третини се државно земјиште и една третина приватно земјиште“, изјави Целаков.

Оваа прва делница од 14,3 километри ќе чини од 28 до 30 милиони евра, за што Македонија веќе доби кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД). Во иднина овој екпресен пат треба да прерасне во автопатско решение кое ќе се поврзе со патот Штип – Миладиновци.

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање на седницата...

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Обидите на ТикТок за поништување на законот според кој апликацијата ќе биде забранета или продадена во САД од почетокот на 2025 година се отфрлени, пренесе Би-би-си. Компанијата се надеваше дека федералниот апелационен...

ДУИ со писмо до САД, ЕУ и НАТО, бара акција за да се зачува мирот и да нема дестабилизација

Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила писмо до САД, Европската Унија и НАТО, во кое ги повикува на решителна акција за, како што пишува, да се спречи поткопување на мирот и...

Од ветени и 5 отсто данок на добивка, сега следи „усогласување“ од 15 отсто

Премиерот најави законско усогласување со кое дел од големите компании во земјата ќе плаќаат данок на добивка од 15 отсто. Иако тоа усогласување е спроведување на меѓународна обврска на земјата, таквата...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...