fbpx

Ахмети: Извештајот е огледало на состојбата во Македонија

-

Извештајот е реално огледало на општата состојба во Република Македонија и обврска за институциите да дејствуваат во согласност со очекувањата на Брисел, оценил лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, кој денеска го примил извештајот за напредокот на земјава од амбасадорот на Европската унија во Македонија, Аиво Орав, соопштија од партијата.

Ахмети на средбата со Орав го изразил своето задоволство што Европската комисија ја повторила препораката за отворање на преговорите за прием во ЕУ, а за тоа што таа е условена, лидерот на ДУИ рекол дека станува збор „стандарди кои треба да ги исполни нашата земја и кои се задолжителни за сите политички партии“.

„Во врска со општата политичка ситуација, претседателот Ахмети оцени дека спроведувањето на обврските од Договорот од 2 јуни и од 15 јули ќе создаде услови за фер и слободни избори, како и услов за стабилност, безбедност и за враќање на евроатланската агенда. Системските реформи мора да се спроведат, но, истовремено, политичките партии во Македонија, со помош на меѓународната заедница, треба да ја разгледат можноста за надминување на најголемиот предизвик со кој се соочува Македонија, решавањето на спорот за името со нашиот јужен сосед. Овој процес ќе влијае позитивно и на меѓуетничките односи, односите со соседите, но, исто така, ќе го поттикне економскиот развој, странските инвестиции и отворањето нови работни места“, стои во соопштението од ДУИ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...