fbpx

ЛП: Извештајот е јасен, напредокот на земјата зависи од легалноста на изборите

-

Извештајот е реален и недвосмислено ги идентификува бројните и витални моменти во временскиот период од последните избори до денес, кои кулминираа со познатата криза и со Договорот од Пржино, а повторувањето на препораката значи дека Македонија има шанса, со надминување на кризата, да го забрза процесот за почнување на преговорите, се вели во соопштението на Либералната партија (ЛП) во врска со извештајот за напредокот на Македонија што беше објавен вчера.

Сепак, истакнуваат од пратијата, извештајот јасно укажува дека напредокот на земјата е можен само со отстранување на системските слабости поврзани со легалноста на изборниот процес и со легитимитетот на избраните функционери.

„Фактот што извештајот јасно нотира дека „пресретнатите комуникации, во кои очигледно се вклучени високи владини претставници, сугерираат кршење на основните човекови права, мешање во независноста на судството, слободата на медиумите и изборите, како и нивна инволвираност во корупција“, охрабрува дека ЕУ не отстапува од критериумот за владеење на правото и борба против корупцијата и криминалот. Секако, барањето на граѓаните на Македонија за санкционирање на криминалот и на корупцијата е еднакво силно и обврзувачко“, стои во писменото соопштение на ЛП.

Според партијата, потребата за „проектот на ревизија на Охридскиот рамковен договор“, посочена во извештајот на ЕК, јасно укажува дека ЕУ нотира „потенцијални проблеми, кои ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА и во изминатите седум години не ги адресираа и не се обидоа соодветно да ги решат“.

„Либералната партија жали што и вчерашниот ден некои партии го искористија за веќе видени меѓусебни обвинувања, наместо за читање на прецизните пораки од европските институции. За Либералната партија, извештајот е патоказ за програмските определби за изборите во 2016 година, а препорачуваме истиот пристап на одговорност да го практикуваат и пржинските владини партнери“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народната банка додели награди на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството

Народната банка, на денот на монетарната независност, 26 април, ја одржа годишната свеченост за доделување на наградата на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството. Овогодинешниот победник беше Никита...