среда, 13 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: либерална партија | 37 резултати

Договорот со Бугарија нуди перспектива за евроинтеграција, велат од ЛП

август 2, 2017

Договорот за пријателство, добрососедство и за соработка помеѓу Македонија и Бугарија, не само што ѝ нуди ЕУ-перспектива на Македонија, туку ја потврдува и перспективата на практикувањето европска политика во регионот, велат од Либералната партија (ЛП). „Либералната партија оценува дека со потпишувањето на овој договор два месеца од формирањето на новата влада, по децениска стагнација, Македонија се враќа на патот кон ЕУ и го реплицира француско-германскиот модел на политичка соработка, економски развој и на мирно решавање на разликите помеѓу соседите на Балканот “, велат од ЛП.

ЛП: Дивите продавачи ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот

јули 28, 2017

Либералната партија го поздрави барањето на Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија за решавање на проблемот со дивите пазарџии, кои на улица, од камиони, продаваат сезонско овошје и зеленчук. „Овие диви продавачи не само што нелегално тргуваат и создаваат нелојална конкуренција, туку и ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот и дополнително ја загадуваат околината, […]

Либерална партија бара одговорност за грешките во изградбата на автопатиштата

јуни 22, 2017

Либералната партија ја осудува непрофесионалноста во изведбата на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, односно несовпаѓањето на проектираната и на изведената траса. „ЛП бара надлежните органи да направат темелна истрага врз геодетските и геолошки компании поради нестручноста и катастрофалните грешки во проектната документација, надзорниот орган кој ја дозволил изградбата врз погрешена проектна документација, […]

ЛП бара техничко продолжување на мандатот на локалните власти

мај 15, 2017

Либералната партија (ЛП) повика на расправа за законски измени за техничко продолжување на мандатот на градоначалниците и на советите на општините, т.е за продолжување на правото на извршување само на техничките обврски на општините (плати на вработените во администрацијата, исплата на режиски трошоци, исплата на тековните привремени ситуации на фирмите што одржуваат и вршат градежни […]

ЛП: Иванов да не се поставува како диктатор, туку неодложно да го даде мандатот на Заев

мај 12, 2017

Либералната партија денеска го повика претседателот на државата, Ѓорге Иванов, неодложно да го даде мандатот на Зоран Заев, како утврден претставник на дефинирано парламентарно мнозинство. Од партијата велат дека политичкиот процес мора да продолжи дури и ако Иванов и понатаму не го дава мандатот. „Не давајќи го мандатот за формирање влада, Иванов овозможува владеење на […]

ЛП: Џафери да сфати дека еден од врвните државни раководители, а не само Албанец

мај 5, 2017

Либералната партија (ЛП) денеска му честиташе на новиот претседател на Собранието, Талат Џафери, истовремено порачувајќи му оти треба да сфати дека е еден од највисоките државни раководители, а не само Албанец, и соодветно на тоа, во неговиот кабинет треба да стои само знамето на Република Македонија. „Го поздравуваме почетокот на претседавање со Собранието на Талат […]

ЛП: Парламентарното мнозинство да не чека и да прејде на избор на спикер и на нова влада

април 21, 2017

Извршниот комитет на Либералната партија на синоќешната седница, на која била разгледувана актуелната политичка остојба во државата, констатирал дека „настојувања на парламентарното мнозинство што побргу да се конституираат државните органи, односно да се избере претседател на Собранието и влада на Република Македонија, се во опасен застој“. „Се наоѓаме во ситуација кога секој изгубен ден во […]

ЛП: Иванов со скандалот со Хан се покажа како крајно неспособен за функцијата што ја врши

март 22, 2017

Либералната партија го осудува скандалот што го направи Ѓорге Иванов, поврзан со посетата на еврокомесарот Јоханес Хан и на тројцата европратенции, со што, како што велат од партијата, се покажал како крајно неспособен за функцијата што ја врши и за тоа треба да поднесе одговорност. Претседателот Иванов вчера ја откажа средбата со еврокомесарот за проширување […]

ЛП: Повикот на Груевски за „народот“ да ја брани државата е опасна манипулација

март 20, 2017

Повикот на Груевски за „народот“ да ја брани државата со излегување на улиците е неодговорна и опасна манипулација токму со народот, оценува Либералната партија, а во врска со синоќешното интервју на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за „Канал 5“. „Народот може да биде сигурен дека државата ќе опстане и ќе се развива само ако институциите […]

Величковски – Тимоние: Стабилноста на Македонија зависи од демократијата во земјата

февруари 28, 2017

Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, денеска имал средба со амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние, на која Величковски го реафирмирал ставот на партијата дека „евро-атланскиот и европскиот пат на Македонија оди заедно со владеењето на правото, остварувањето на правата на човекот и на граѓанинот и со борбата со криминалот и со корупцијата“. – […]

Величковски и Алтхаузер разговарале за актуелната политичка состојба во земјава

јануари 19, 2017

Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, денеска имал средба со амбасадорката на Германија во Скопје, Кристине Алтхаузер, на која било разговарано за политичката состојба во земјава по изборите. „Беше разгледана политичката состојба во земјата, за која претседателот Величковски оцени дека фокусот треба да биде ставен на оспособувањето и на веродостојноста на институциите по изборите од 11 […]

Државата и политиката да се тргнат од бизнисот, порача Величковски

ноември 26, 2016

Претседателот на Либерална партија, Ивон Величковски, заедно со носителот на кандидатската листа во бтората изборна единица, Кире Бузлиев, и со Анкица Трпковска остварија средба со вработените и со менаџментот на фабриката „Ажур“ во скопската општина Ѓорче Петров. Величковски истакна дека задача на ЛП ќе биде да чуе што е потребно за подобро водење бизнис и што […]

ЛП од Центар порача дека ќе води урбана наместо провинцијална политика

ноември 23, 2016

Либералната партија синоќа во Општина Центар имаше средба со граѓаните. На средбата присуствуваа носителот на листата во првата изборна единица, Ивон Величковски, како и кандидатите за пратеници Голубка Нечевска-Цветановска, Мето Јовановски, Љупчо Арсовски и Јасмина Димовска. – Драго ми е што вечерва сме собрани тука на теми што нè интересираат сите, што нè мачат сите, […]

Судот ќе дежура за да можат кандидатите да добијат уверенија за неосудуваност

ноември 8, 2016

Основниот суд Скопје 1 попладнево соопшти дека е подготвен, доколку е потребно, да воведе и дежурства за да можат кандидатите за пратеници да извадат уверенија за неосудуваност и партиите навреме да ги поднесат пратеничките листи. Од судот ги отфрлаат обвинувањата на дел од политичките партии дека судот им правел проблеми околу издавањето на уверенијата и […]

Либерална партија до ДИК: Судот ни прави проблем со уверенијата за неосудуваност

ноември 8, 2016

Либералната партија денеска наишла на проблем во судот со издавањето на потврдите за неосудуваност на нивните кандидати за пратеници, информираат од партијата. Оттаму велат дека при доставувањето на документите во Основниот суд Скопје 1, им било кажано дека судот веројатно нема да биде во можност да ги издаде потребните документи во следните седум дена. Во врска […]

Величковски: Проблемите не се решаваат со популизам, администрацијата да се намали

ноември 2, 2016

„Во моментот немаме претстава колку вработени има во администрацијата. Но, ако се потврди партиската превработеност во администрацијата, нема да има избор. Нема да ја консолидираме државата без консолидација на јавните финансии. Тоа значи промена на принципот и на ефикасноста на субвенционирањето од земјоделството до јавниот превоз. Истото се однесува и на администрацијата. Никој не сака […]

Величковски: Се надевам дека и СДСМ ќе прифати договор за изолација на ВМРО-ДПМНЕ

октомври 25, 2016

Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, го поздравува ставот на Левица, сите опозициски партии да потпишат декларација со која ќе се обврзат дека нема да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ во владата по изборите на 11 декември. Величковски вели оти се надева дека идејата ќе биде прифатена и од СДСМ. „Денеска од медиумите разбравме дека предлогот на Либералната партија, услов […]

Данските либерали бараат ЕУ да ги прекине преговорите со Турција

август 9, 2016

Данската владејачка Либерална партија денеска оцени дека Европската унија треба целосно да ги прекине пристапните преговори со Турција поради „недемократските мерки“ кои ги презема претседателот Реџеп Таип Ердоган, како и поради неговата поддршка за повторно воведување на смртната казна -Мината е црвената линија за минималните услови кои треба да ги исполни земја кандидатка за членство […]

Величковски: Без одвојување на партијата од државата, нема одвојување на насилството од изборите

јуни 19, 2016

Упадот на обезбедувањето на Груевски во „ТВ21“ покажува какви „брзи“ избори нè очекуваат, оцени претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски. – За оваа сегашната, немам намера да трошам Ваше време, но очигледно е дека и „техничката“ влада со учество на министрите на СДСМ не променила ништо во функционирањето на институциите. Затоа, без одвојување на партијата […]

ЛП: Власта сака да го „дисциплинира“ Економскиот факултет

јуни 7, 2016

Либералната партија оценува дека целта на акцијата на МВР на Економскиот факултет е да се „дисциплинира“ оваа институција, која може да обезбеди веродостојни вештачења за потребите на истрагите на Специјалното јавно обвинителство. „Либералната партија изразува сомневање во мотивите на полициската акција на Економскиот факултет во Скопје. Либералната партија оценува дека целта на акцијата е пасивизирање и „дисциплинирање“ […]

Страна 1 од 2