fbpx

ММФ: „Брексит“ и бегалската криза се закана за интеграциите на Европа

-

Бегалскиот бран во Европа и можното излегување на Велика Британија од Европската унија – „брексит“, претставуваат закана за економските интеграции на континентот, оцени Меѓународниот монетарен фонд.

– Загрижен сум поради силниот тренд во Европа за повлекување од пазарот на интеграции – изјави главниот економист на ММФ, Маурис Обстфелд, додавајќи дека главна причина за влошување на трендот се „бегалската криза, која дополнително го зголемува притисокот врз отворените граници и мобилноста на работниците“.

Обстфелд, кој е поранешен економски советник на американскиот претседател Барак Обама, вели дека друг фактор што претставува закана за економската интеграција на Европа и можното излегување на Британија од ЕУ.

– Друг очигледен фактор е желбата на Британија да излезе од ЕУ – рече Обстфелд.

Велика Британија закажа референдум за крајот на 2017 година на кој граѓаните ќе одлучат дали земјата ќе ја напушти Унијата. Британскиот премиер Дејвид Камерон неодамна изјави дека земјата сака да остане во ЕУ, но само доколку Велика Британија добие поголема автономија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...