fbpx

Термините корупција, криза, медиуми драстично се намножија во извештајот на ЕК

-

Во извештаите што Европската комисија ги дава за напредокот на Македонија во изминатите четири години, се забележуваат разлики во фреквенцијата на користење на некои клучни зборови, што е индикатор на влошување на состојбите во одредени подрачја.

Така, на пример, терминот корупција во извештајот во 2012 година е спомнат 39 пати, во 2013 година е спомнат 37 пати, во 2014 година – 49 пати, а во 2015 година – високи 77 пати, што е речиси двојно повеќе од извештајот пред четири години.

Зборот „медиуми“ во извештајот во 2012 година е спомнат 29 пати, во 2013 година е спомнат 37 пати, во 2014 година – 57 пати, а во 2015 година се споменува високи 74 пати, што е повеќе од двојно во споредба со извештајот од 2012 година.

Разлика се забележува и во употребата на зборот „реформи“, кој во 2012 година е спомнат 26 пати, а во 2015 година – 82 пати, што е речиси четирипати повеќе.

Сега популарниот термин „криза“, во 2012 година е спомнат само 4 пати, а годинава дури 22 пати.

Владата во 2012 година била спомната 71 пат, а во последниот извештај 111 пати.

Голема разлика се забележува и во употребата на зборовите протести/демонстрации, кои во 2012 и во 2013 година се спомнати еднаш, а во 2015 година – 13 пати.

Термин 2012 година 2013 година 2014 година 2015 година
Медиуми 29 37 57 74
Корупција 39 37 49 77
Новинари 6 6 8 17
Македонија 31 36 44 34
Македонски 2 2 4 4
Судство 25 13 23 14
Спор со името 2 2 5 2
Криза 4 10 6 22
Реформи 26 41 35 82
Демократија 6 4 5 9
Влада 71 61 105 111
Опозиција 3 10 17 11
Човекови права 13 12 13 21
Договор 62 61 68 70
Протести/демонстрации 1 2 6 13

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...