fbpx

Иванов во дводневна посета на Брисел, ќе се сретне со Тимерманс и Столтенберг

-

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел, соопштија од кабинетот на претседателот.

Како што е предвидено, Иванов денеска ќе се сретне со првиот потпретседател на Европската комисија, Франс Тимерманс, а утре македонскиот претседател ќе оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Во фокусот на разговорите на претседателот Иванов со неговите соговорници во Брисел ќе биде интеграцијата на Република Македонија во Европската унија и во НАТО, како и актуелните состојби поврзани со мигрантската и со бегалската криза“, стои во соопштението од кабинетот на Иванов.

ЕУ е подготвена да продолжи да ѝ дава поддршка на Македонија преку хуманитарна и техничка помош, преку агенциите на Унијата, изјави, пак, вчера во Скопје претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на заедничката прес-конференција со претседателот Ѓорге Иванов.

– Подготвени сме да обезбедиме многу повеќе откако ќе имаме проценка за вашите потреби. Ќе зборувам со земјите-членки на ЕУ за тоа што повеќе може да се направи во оваа смисла за да се осигураме дека нашата поддршка за вашата земја и за регионот ќе биде на исто ниво како предизвиците со кои се соочувате – рече Туск.

Според Туск, безвизниот режим и шенгенската зона може да опстанат само доколку им се помогне и на земјите кои се први на ударот на бегалскиот бран.

– Доколку сме сериозни и сакаме да го задржиме шенгенскиот систем и патувањето без визи, тогаш мора да бидеме и сериозни и да им помогнеме на земјите кои се на првата линија како што е вашата – рече Туск, додавајќи дека секоја земја има право и обврска да ја штити својата граница.

Претседателот Иванов, од друга страна, посочи дека Македонија ги чувствува последиците од нефункционалниот механизам на Унијата за распоредување на бегалците во земјите-членки, од неспроведувањето регистрација на бегалци и на мигранти во земја-членка на Унијата, како и од едностраните национални одлуки во земји-членки на Унијата кои го ограничија протекот на лицата без претходно да информираат за ваквите чекори. Иванов истакна дека Македонија досега нема добиено помош од ЕУ за справување со миграциската криза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...