Шекеринска: Со многу труд ја спасивме препораката

-

Среќни сме што со многу напори, искрена посветеност кон граѓаните и кон Македонија, успеавме да ја спасиме препораката на Европската комисија за Македонија, рече денеска на прес-конференција заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

– Препораката, за жал, по 10 години од добиениот кандидатски статус, е условена и тоа е дело на несериозната актуелна власт. Тоа што е добро е што „Вистината за Македонија“ одекна и во Брисел. Високи претставници и членови на владата ја злоупотребиле својата моќ во сите сфери – судството, медиумите, изборниот процес и регулаторните тела. Има селективна правда, широко распространета корупција, закани врз новинари и сериозна згриженост за уредувачката политика на јавниот сервис МРТВ – рече Шекеринска.

Таа додаде дека реализацијата на Договорот од Пржино повеќе не е очекување само на граѓаните во Македонија, туку услов за Европската комисија да ја задржи препораката.

– Брисел денеска порача дека Европа ја сака Македонија со европски вредности. ВМРО-ДПМНЕ не сака таква Македонија. СДСМ продолжува да работи на нормализација на државата, заедно со вас, граѓаните. Одлучни сме, ја враќаме европска и слободна Македонија – рече Шекеринска.

Одговарајќи на новинарско прашање, таа рече дека изборите ќе бидат тест дали сè што е сменето во законите ќе биде реализирано во реалноста, додавајќи дека во Македонија многу договори станале „тоалетна хартија“, како и дека „власта ќе се обиде да бега од извештајот, но нема да избега“.

Како коментар-одговор на прашањето дека прислушувањето го вршеле високи владини функционери, таа рече дека „Вистината за Македонија“ одекнала во Брисел и оти и Груевски заборава да ги спомне странските служби, како и тоа дека материјалите се сечени, лепени и монтирани.

– За разлика од претходните години, овој извештај е кристално јасен и нема ниту дипломатски ракавици и дипломатски јазик. Иако ќе слушнеме многу варијанти на извештајот, тој е еден и порачува дека работите во Македонија ќе мора да се менуваат – рече Шекеринска.

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...