fbpx
Таг: Европска комисија

таг: Европска комисија

До 2017 година во Европа се очекува прилив на три милиони мигранти

Три милиони мигранти се очекува да пристигнат во Европа до 2017 година, преку медитеранските земји, што претставува рекорден прилив, соопшти денеска Европската комисија (ЕК), пренесува „Би-Би-Си“. Според извршното тело на Европската унија (ЕУ), приливот на мигранти ќе има „мал, но позитивен“ ефект на екомијата во ЕУ и според прогнозите, ќе предизвика пораст на БДП од 0,2 до 0,3 отсто. Прогнозите на...

Почнат е процесот на прифаќање на извештајот за напредокот на Македонија

Процесот за затворање на извештајот за напредокот на земјите од Балканот е почнат, соопшти денеска портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас. - Внатрешниот процес за прифаќање на извештаите е почнат. Не сум во позиција да го соопштам точниот датум, но можам да кажам дека процесот е веќе почнат – рече Схинас. Според првичните неофицијални информации, извештаите требаше да бидат објавени неделава,...

Христов: Македонското новинарство е во длабока кома

Се чини дека изминатите две години ништо не се сменило во Македонија, но, всушност, многу работи се сменија, оцени Боби Христов на панел-дискусијата „Спик ап“ („Проговорете“ или „Кренете глас“), конференција во Брисел за медиумската состојба во земјите од Западниот Балкан и во Турција. - Ако пред години новинарството беше во несвест, сега е во длабока кома. Новинарството е мртво. Медиумите,...

Одржана првата видеоконференција за бегалската криза

Денеска балканските координатори за бегалската криза ја одржаа првата видеоконференција, како што беше договорено во понеделеникот на самитот на лидерите на земјите од западно-балканската рута, сооошти вечерва Европската комисија. Како што информираат од ЕК, Грција на денешната видеоконференција дала извештај за начинот на кој ќе прими 50.000 бегалци, односно дека од вкупната бројка, 20.000 луѓе ќе бидат сместени во семејства,...

На 5 ноември Македонија ќе добие условена препорака од ЕК?

На 5 ноември Европската комиисија (ЕК) ќе ги објави извештаите за напредок на земјите од Западен Балкан и за Турција, а Македонија, според изворите на кои се повикува порталот „Нова ТВ“, ќе добие условена препорака за почетокот на преговорите за членство во Европската унија (ЕУ). Како што пишува порталот, условот ќе биде спроведувањето на Договорот од Пржино, а можно е...

Иванов попладнево ќе прецизира колку бегалци ќе прими Македонија

Македонскиот претседателот Ѓорѓе Иванов до крајот на денов на Брисел ќе му ќе даде прецизна бројка на мигранти и на бегалци што Македонија може да ги прими до крајот на годинава, соопштија денеска од Европската комисија, додавајќи дека за денеска попладне има закажано пленарна видеоконференција со лидерите од ЕУ и од Западен Балкан. - За време на самитот во недела, имаше лидери...

ЕК: Разочарани сме, Договорот од Пржино е јасен пат кон прогресот

Европската комисија денеска изрази разочарување поради повторното пробивање на роковите од Договорот од Пржино. - Комисијата е разочарана и ги повикува на лидерство и на одговорност сите политички партии и со добра волја да го имплементираат договорот – изјави за „Мета“, Маја Коцијанчич, портпаролката на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан. Коцијанчич истакна дека постигнатиот договор го посочува...

Јункер: Вонреден состанок за бегалската криза на Балканот

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска свика итен состанок во Брисел, посветен на бегалската криза на Балканот. - Бегалскиот прилив на Балканот бара брз одговор - соопштија од Европската комисија. Целта на состанокот, кој е закажан за недела, е да се постигне договор за заеднички мерки што треба да бидат неодложно спроведени. На средбата се поканети премиерите на Македонија, Австрија, Бугарија, Грција,...

EK сè уште без датум за извештаите за кандидатите за членство

Европската комисија сè уште нема одредено датум кога ќе ги објави извештаите за напредокот на земјите-кандидатки за членство во ЕУ. - Европската комисија вообичаено во овој период од годинава ги објавува извештаите за проширување. Ги објавуваме во момент кога знаеме дека со нивно усвојување и презентирање, ќе го добиеме целосното внимание на медиумите и на јавноста. Претседателот ќе го процени...

ЕК: Одложено објавувањето на извештајот за напредокот на кандидатите

Европската комисија денеска соопшти дека поради клучниот состанок за тоа како да се решат војната во Сирија и бегалската криза, одложено е годинешното објавување на извештајот за напредокот на кандидатите за потенцијална кандидатура за членство во ЕУ. Како што изјави портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас, извештаите ќе бидат објавени по средбата на лидерите на ЕУ на 15 и на 16...

Брисел сака поголема соработка помеѓу Анкара и Атина

ЕУ сака поголема соработка на Турција со Грција и со другите соседни членки од европскиот блок за да се намали приливот на мигранти, а за возврат Брисел е подготвен да понуди дополнителни средства за сириските и за ирачките бегалци во рамки на новиот план кој е објавен денеска. Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во Брисел му го изнел акциониот нацрт-план...

Македонија ќе добие препорака за преговори, но и остри критики од Брисел

Македонија во извештајот за напредокот на земјата во интеграциите кон ЕУ, ќе добие препорака за преговори, дознава „Мета“. Препораката, според високите владини извори, не била спорна, особено зашто веќе е почната реализацијата на Договорот од Пржино, односно изборот на специјален јавен обвинител. Сепак, извештајот, во кој ќе бидат наведени и забелешките од Прибе, како што дознаваме, воопшто нема да биде...

ЕК: Потребни се уште 330 милиони евра за справување со бегалската криза

Европските земји треба да обезбедат дополнителни 330,7 милиони евра во буџетот на ЕУ за да се исполни ветеното од договорот за бегалската криза, соопшти денеска Европската комисија. Комисија денеска предложи измени и дополнувања на буџетот за финансирање на овие мерки, но националните придонеси во европската каса се чест извор на несогласувања меѓу Брисел и членки на Унија. - Ќе продолжиме да...

Брисел и Москва потпишаа протокол за испорака на гас за Украина

Русија и Европската комисија потпишаа протокол за испорака на гас за Украина, изјави рускиот министер за енергетика, Александар Новак, додавајќи дека сега редот е на Киев. - Топката сега е на украинската страна, протоколот е потпишан од наша страна и од Европската комисија, Киев ништо не го спречува да ја изврши уплатата во согласност со постигнатите договори – рече Новак. Министерот...

Берлин бара продолжување на граничната контрола

Германија побара од Европската комисија да ѝ одобри продолжување на привремено воведените погранични контроли за подобро да се справи со рекордниот број мигранти, соопштија денеска од Европската комисија. Германската влада на 13 септември воведе десетдневна контрола на своите граници со Австрија и со Чешка. Во соопштението се истакнува дека Берлин побарал продолжување од уште 20 дена. Лидерите на ЕУ вечерва имаат вонреден самит,...

ЕУ: 17 милиони евра за Западен Балкан за справувањето со бегалската криза

Европската комисија денеска соопшти дека подготвува пакет од дополнителни 17 милиони евра за земјите од Западен Балкан што се соочуваат со голем прилив на бегалци. „Србија и Македонија се соочени со неочекуван прилив на бегалци од надворешниот регион, што ја оптовари нивната инфраструктура. Приоритет е да се избегне ова да прерасне во нешто што е повеќе од краткорочна ситуација“, се наведува...

Схинас: Брисел е против подигнување ѕидови и огради

Брисел се противи на подигнувањето ѕидови и огради во Европа, но секоја земја има право да ги заштити своите граници – изјави денеска портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас. На новинарско прашање како ќе реагираат сега, кога Србија најави контрамерки поради одлуката на Хрватска да ги затвори границите за товарен сообраќај, Схинас рече дека тоа е прашање „релевантно за сегашната...

Србија се заканува со противмерки ако ЕК не ја вразуми Хрватска

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија ќе донесе „одредени мерки“ доколку Европската комисија денеска до 14 часот не преземе нешто во врска со одлуката на Хрватска да ги затвори границите за товарен сообраќај. - Ова скандал од меѓународни размери и Хрватска ги прекрши сите европски договори и директиви – рече Вучиќ, додавајќи дека објаснувањето што го дала Хрватска, спаѓа...

ЕП: По итна постапка е усвоен планот за прераспределба на бегалците

Европскиот парламент денеска по итна постапка изгласа план за распоредување 120.000 бегалци по земјите-членки, за што министрите за внатрешни работи ќе расправаат следниот вторник. Европската комисија веднаш го поздрави гласањето во парламентот, иако одлуката на ова тело не е обврзувачка. „Денеска Европскиот парламент направи важен чекор, гласајќи за предлогот на Комисијата за прераспределување на 120.000 лица од Италија, Грција и од...

Брисел: Оградата не е идеално решение

Европската комисија смета дека градењето огради не е решение на проблемот со нелегалното минување на границата. - Повеќепати ја објаснивме помошта што ЕУ ѝ ја дава на поранешната југословенска Република Македонија. Ги имаме податоците. Не станува збор дека не ѝ даваме помош. Знаеме дека е таму ситуацијата тешка, но, како што рековме, не сметаме дека оградите се идеален одговор на таквата...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...