fbpx

ЕП: По итна постапка е усвоен планот за прераспределба на бегалците

-

Европскиот парламент денеска по итна постапка изгласа план за распоредување 120.000 бегалци по земјите-членки, за што министрите за внатрешни работи ќе расправаат следниот вторник.

Европската комисија веднаш го поздрави гласањето во парламентот, иако одлуката на ова тело не е обврзувачка.

„Денеска Европскиот парламент направи важен чекор, гласајќи за предлогот на Комисијата за прераспределување на 120.000 лица од Италија, Грција и од Унгарија, на кои им е потребна меѓународна заштита. Сега е отворен патот за Советот на ЕУ да го прифати предлогот. Ги повикуваме земјите-членки да донесат одлука за вонреден состанок на министрите за внатрешни работи на 22 септември“, се вели во соопштението.

Министрите за внатрешни работи на својот последен состанок не успеаја да се усогласат околу предлогот на Комисијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...