fbpx

Јункер: Вонреден состанок за бегалската криза на Балканот

-

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска свика итен состанок во Брисел, посветен на бегалската криза на Балканот.

– Бегалскиот прилив на Балканот бара брз одговор – соопштија од Европската комисија.

Целта на состанокот, кој е закажан за недела, е да се постигне договор за заеднички мерки што треба да бидат неодложно спроведени. На средбата се поканети премиерите на Македонија, Австрија, Бугарија, Грција, Романија, Словенија, Србија, Унгарија и на Хрватска, германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, како и претставници на Фронтекс и на ОН.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...