fbpx

Советот на јавни обвинители и денеска не го избра целиот тим на Јанева

-

Расправата за изборот на тимот на специјалната обвинителка, Катица Јанева, не се најде на дневен ред на денешната седница на Советот на јавни обвинители, соопшти претседателот на Советот, Петар Аневски. На седницата, еден од членовите на Советот предложил да се расправа по барањето на Јанева, меѓутоа претседателот Аневски дал образложение дека во својот допис, специјалната обвинителка ги навела истите имиња на обвинители и не дала образложение зошто бара зголемување на тимот.

– Во дописот од обвинителката беа наведени истите имиња, без образложение, со само неколку изменети збора и датуми, поради што предлогот го ставивме на гласање. Беше донесена одлука оваа точка да не се става на девен ред на денешната седница – изјави Аневски.

Тој рече дека Советот ѝ стои на располагање на  обвинителката Јанева и доколку се зголеми обемот на предметите и има реална потреба од дополнителен кадар, повторно ќе закажат седница и ќе одлучуваат за зголемување на бројот на обвинители во нејзиниот тим.

– Колку што знам, има околу 28 предмети за работа. Доколу бројот на предмети се зголеми, на пример, на 120,  на 150, ние, секако, таа одлуката за бројот на обвинители ќе ја промениме. Вратата на Катица Јанева во Советот на јавни обвинители е отворена. Во секое време може да дојде и да разговараме за да се најде некој излез од оваа криза, односно не е криза, туку тоа е обврска на Советот на јавни обвинители и нејзина обврска за да не доаѓаме до вакви непријатни ситуации – рече Аневски.

На седницата, како што посочи Аневски, биле присутни претставници на ОБСЕ и на Амбасадата на САД во Македонија.

На новинарско прашање дали е земено предвид дека до Советот на јавни обвинители беше доставено писмо од четирите политички партии, Аневски изјави дека тие се независна институција, која не работи по политички препораки.

– Нема никаква теорија да постапуваме по препораки од политички партии. Писмото беше доставено до министерот за правда, ние го испративме до Јанева, но таа ја достави целосно истата листа со кандидати по која ние веќе еднаш одлучувавме – изјави претседателот на Советот на јавни обвинители.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...