fbpx
Таг: Европска комисија

таг: Европска комисија

Котевски: Работиме на откривање на лажните азиланти од Македонија

Министерството за внатрешни работи (МВР) во континуитет, уште од донесувањето на одлуката за визна либерализација, презема мерки за спречување на бранот лажни азиланти и покрај бегалската криза, изјави денеска помошникот-министер за односи со јавноста на МВР, Иво Котевски. Тој го кажа ова запрашан да даде коментар во врска со тврдењата на дел од европските лидери дека лица од Западен Балкан ја...

Грција бара милијарда евра од ЕК за бегалската криза

Грција ќе поднесе итно барање за повеќе средства од Европската комисија за справување со бегалската криза на источните егејски острови, пишува денеска „Кaтимерини“, наведувајќи дека владата побарала само мал дел од неопходните средства за справување со ситуацијата, кои, според процените, би требало да изнесуваат околу една милијарда евра. Според извори на весникот, грчката полиција денеска ќе побара шест милиони евра од...

ЕК предлага распоредување на 120.000 бегалци

Европската комисија ќе побара од земјите-членки итно да распределат 120.000 бегалци по Европската унија, за подобро да се соочи со мигрантската криза, јавува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“, повикувајќи се на извори од ЕК. - Бидејќи воспоставувањето постојани механизми (за решавање на мигрантската криза) може да потрае, имаме особено итна ситуација во Италија, Грција и во Унгарија. Ќе предложиме итно...

Коцијанчич: ЕК не коментира првостепени судски одлуки

Европската комисија очекува сите судски процедури во земјата да бидат спроведени со целосно почитување на принципите на националното, како и на меѓународното право, вклучувајќи ја и релевантната судска практика во согласност со Европската конвенција за човекови права, изјави за „Мета“ Маја Коцијанчич, портпаролката на еврокомесарот Јоханес Хан. Коцијанчич, сепак, не сакаше да ја коментира вчерашната одлука на Основниот суд Скопје -1,...

Медиумите тема на преговорите на работните групи од 2 септември

Реформите во медиумите од 2 септември ќе се најдат на преговарачка маса на работните групи составени од претставници на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино, пишува „Вест“, повикувајќи се на неофицијални информации од свои извори. Според информациите на „Вест“, во преговорите за реформи во медиумскиот простор ќе бидат вклучени и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), невладини организации, синдикални...

ЕК одобри 1,5 милиони евра за бегалците во Македонија и во Србија

Европската комисија денеска одобри дополнителни 1,5 милиони евра хуманитарна помош за Македонија и за Србија за згрижување на бегалците и мигрантите. Еврокомесарот за хуманитарна помош Христос Стилијанидес укажа дека „Западен Балкан настојува да се избори со засега најголем број бегалци и мигранти“ и затоа ЕУ и дава итна парична помош за Македонија и Србија. На утрешниот самит во Виена, како што наведоа од ЕК,...

Коцијанчич за „Мета“: Ја следиме состојбата на границата и се координираме со владата

Европската комисија е запознаена со одлуката на владата да прогласи кризна состојба во регионот на јужната и северната граница и е во контакт властите и со УНХЦР. - Во оваа фаза, Комисијата одблизу го следи развојот на настаните и мерките кои ги преземаат или ќе ги преземаат властите и ги утврдува фактите – изјави за „Мета“ Маја Коцијанчич, портпаролката еврокомесарот...

ЕК: Ситуацијата со мигрантите во Грција е ургентна

Ситуацијата во Грција, а особено на островот Кос, каде секојдневно стигнуваат голем број мигранти, е повеќе од ургентна и бара колективен европски одговор, изјави портпаролката на Европската комисија, Наташа Берто. Таа на конференција за новинари во Брисел наведе дека ЕК внимателно го следи развојот на ситуацијата по приливот на голем број мигранти во Грција, но и во други земји. Берто рече...

ЕК ги демантира плановите за градење бегалски центри во Србија

Европската комисија ги отфрли шпекулациите за наводни планови за воспоставување центар за бегалци во Србија и истакна дека Брисел само сака да им помогне на земјите од Балканот во совладувањето на бранот мигранти. Портпаролот на Европската комисија, Хајнц Мико, за виенскиот весник „Пресе“ рекол дека не е планирано градење масовни прифатилишта ниту во Србија, ниту во други земји. Сепак, тој укажа дека...

ЕК нуди финансиска помош за решавање на мигрантската криза

Европската комисија им понуди помош на Франција и на Велика Британија за решавање на кризата со мигрантите, кои настојуваат преку тунелот Ла Манш илегално да влезат во Велика Британија. - Европската комисија ќе го испрати првиот дел од финансиската помош за Франција, 20 милиони евра, додека Велика Британија веќе доби 27 милиони евра помош – изјави синоќа еврокомесарот за миграција...

Хан: Договорот од Пржино мора да се спроведе во целост и без одложување

„Дозволете да бидам кристално јасен: Европската унија (ЕУ) не посредуваше за краткорочен договор за стабилизација. Нашата цел е да ѝ помогнеме на земјата на нејзиниот евроатлантски пат и во зацврстувањето на демократијата, отворенотo општество и на владеењето преку избори и одржливи реформи“, пишува еврокомесарот Јоханес Хан во напис објавен на неговиот блог, посветен на Договорот од Пржино, во кој,...

Либералите за договорот: Рано е да се слави

„Либералната партија на Македонија смета дека е рано да се слави и повикува на внимателност во опозициската јавност“, се вели во дел од соопштението на ЛПМ, во кое е сумиран ставот на партијата во врска со договорот за решавање на политичката криза што вчера го постигнаа лидерите на четирите најголеми партии, со посредство на Европската унија и на САД. Од...

Коцијанчич: За ЕК сè уште важи 2 јуни, Брисел итно бара договор

Запрашана за реакција по прес-конференцијата на Зоран Заев, на која тој изјави дека преговорите се неуспешни, Европската комисија преку својата портпаролка, Маја Коцијанчич за „Мета“ изјави: „Нашиот став е прилично јасен: итно ги повикуваме партиите да пронајдат компромис во интерес на земјата и на граѓаните. Договорот од 2 јуни ја нуди потребната основа, а останува уште едно крупно прашање да се...

Путин бара разговор со Ципрас

Ненадејното пристигнување на министерот за енергија, Панајотис Лафазанис, во претседателската палата и среде лидерската средба, разгоре информации дека рускиот претседател Владимир Путин бара директна линија со Ципрас. Според информациите, се очекува Ципрас за кратко, во текот на паузата од лидерската средба, да разговара со Путин. Неофицијално, Ципрас на лидерите на опозициските грчки политички партии, со кои разговара речиси четири часа, им побарал да...

ЕК интегрално го објави последниот предлог за помош на Грција

Во интерес на транспарентноста и поради информираност на грчкиот народ, Европската комисија го објавува последниот предлог усогласен помеѓу трите институции (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд), кој го зема предвид и предлозите на грчките власти од 8, 12, 22 и од 25 јуни, како и разговорите на политичко и на техничко ниво кои се водеа неделава,...

Европската комисија без пофалби и критики за новиот закон за азиланти

Европската комисија реагираше на новиот закон со кој им се обезбедува привремена заштита на мигрантите и на бегалците што поминуваат низ Македонија. - Го нотираме новиот закон за азил и привремена заштита за мигранти кој стапи на сила на 20 јуни. Законот ќе им овозможи на мигрантите да побараат од секој полицаец апликација со која се регулира нивниот транзит низ земјата...

ПДП: Препораките на ЕК не се однесуваат на актуелната туку на идната транзициона влада

„Последниот извештај на „Фридом хаус“ за почитувањето на човековите права и слободи, владеењето на правото, како и за слободата на медиумите ги потврдува неодамна објавените констатации и заклучоци на експертската група на Европската комисија под раководство на Рајнхард Прибе дека Република Македонија е земја со ниски стандарди каде економскиот криминал, корупцијата, кршењето на човековите права и слободи, партизацијата на...

Туск: Нема консензус во ЕУ за воведување квоти за мигрантите

Претседателот на Европската комисија, Доналд Туск, денеска соопшти дека не е постигнат консензус меѓу државите-членки на Европската унија за воведување квоти за прием на подносители на барање за азил. - Нема договор меѓу државите за воведување задолжителни квоти за мигрантите - изјави Туск на отворaњето на Европскиот самит, кој во најголем дел ќе биде посветен на миграциската криза. Туск ја поддржа...

Владата темелно ќе го проучува извештајот на ЕК

Владата со внимание се „осврнала“ на извештајот на Европската комисија, што го изработи група експерти под водство на Ренјхард Прибе, потврди владниот портпарол, Александар Ѓорѓиев, додавајќи дека „препораките од комисијата ќе бидат темелно проучени“ и искористени во реформите потребни за европските интеграции. - Со внимание се осврнавме на извештајот. Препораките на комисијата ќе бидат темелно проучени и, секако, искористени во рамките на...

„Њујорк тајмс“: Владата обвинета дека прислушувала, а премиерот молчи

„Националната безбедносна служба (Управата за безбедност и контраразузнавање н.з.), постапувајќи по наредба на конзервативната и сè повеќе авторитарна влада на Македонија, стоела зад скандалот со прислушување, кој ја доведе малата земја на работ од бездната“, пишува угледниот  „Њујорк тајмс“, во воведниот дел од текстот по повод извештајот на независниот експертски тим на Европската комисија, кој беше објавен во петокот,...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...