fbpx
Таг: Европска комисија

таг: Европска комисија

Европската комисија е против кревање ѕид во Европа

Европската комисија не го поддржува градењето ограда и ѕидови во Европа, изјави Наташа Бертауд, портпаролката за правосудство и за внатрешни работи по одлуката Унгарија да подигне четириметарска ограда на границата со Србија поради бранот илегални мигранти. - Неодамна се ослободивме од ѕидовите во Европа и не би требало повторно да ги подигнуваме. Членките на ЕУ имаат обврска да го обезбедуваат...

Бесими во дводневна посета на Брисел

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, за време на дводневната посета на Брисел, која почнува денеска, ќе оствари повеќе билатерални средби со претставници на Европската комисија. Како што се наведува од кабинетот на министерот, тема на средбите ќе бидат евроинтеграциите на Македонија и актуелната ситуација во земјава. На агендата на Бесими се наоѓаат одвоени средби со комесарот за европска соседска политика...

Најави за долга преговарачка ноќ во Брисел

Иако имаше куса надеж дека преговорите се ближат кон крајот, повторно не се соопштува никаква информација во зградата на Европската комисија во Брисел каде на 11.  кат се одвиваат преговорите помеѓу четворицата политички лидери, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи. Неофицијалната проценка е дека средбата би можела да трае до доцна, а еврокомесарот Јоханес Хан ја откажа...

Брисел разгледува мерки против германските патарини

Европската комисија ќе разгледа правни мерки против Германија поради планираното воведување патарини за странски возачи, изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, додавајќи дека тоа претставува кршење на антидискриминациските закони. Јункер во интервју за „Зидојче цајтунг“ рече дека патарината, која германската влада ја усвоила во март, не е во согласност со правилата на ЕУ, кои забрануваат дискриминирање странци. - Комисијата...

Европската комисија е многу загрижена поради заканите кон Јовановски

По Советот на Европа, ОБСЕ и Европската федерација на новинари, вечерва се огласи и Европската комисија со остра осуда за заканите кон новинарот Борјан Јовановски. - Европската комисија е многу загрижена за последните закани против новинар во поранешната југословенска Република Македонија. Слободни и живи медиуми се основа на демократско општество. Комисијата ги повикува релевантните институции веднаш да го истражат ова...

Брисел: Не е време за нагло менување на правилата во пилотските кабини

По падот на „ербасот“ на „Џерманвингс“ во Франција, Европската комисија сè уште не е се произнесува околу потребата за промена на правилата во пилотската кабина, откако истрагата, која е во тек, наведе дека копилотот, кој останал сам, најверојатно намерно го урнал авионот од засега непознати причини. - Не е време за шпекулации. Истрагата е во тек и засега нема заклучоци. Ако...

Коцијанчиќ: Снимките ги потврдуваат стравовите на ОБСЕ/ОДИХР

Портпаролката на Јоханес Хан, еврокомесарот за претпристапни преговори, Маја Коцијанчиќ, денеска ја пренесе обновената позиција на Хан за случувањата во Македонија, по аферата „Прислушување“. „Веќе ја изразивме нашата длабока загриженост за тоа што се обелоденува во земјата околу мешањето во судски случаи, слободата на медиумите и, сега, за изборни нерегуларности. Очекуваме од институциите во земјата да си ја вршат работата...

Списокот грчки реформи е познат, утре ќе стигне во Брисел

Грчката влада најави дека наместо денеска, утре изутрина ќе го испрати списокот со реформи до европските министри за финансии од Еврогрупата, а во текот на денот ќе има видеоконференција со нив за да се разгледаат детаљно предложените мерки. Извори од владинот кабинет кусо информираа за клучните црти што ќе бидат вклучени во списокот, кои се главно она што се најавуваше и очекуваше...

СДСМ: Груевски е изолиран од меѓународните авторитети

„Никола Груевски е политички изолиран од меѓународните авторитети. Последната силна порака дојде од претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кој денеска ја откажа средбата со Груевски, закажана за четврток“, рече Петре Шилегов, портпарол на СДСМ на денешната прес-конференција. - Нема да помогне криењето и срамната реакција на министерот за надворешни работи, Никола Попоски, кој се обиде да излаже дека првата...

ЕК за Кежаровски: Владата да престане да ги игнорира проблемите

Европската комисија се огласи по затворањето на новинарот Томислав Кежаровски, нагласувајќи дека Европска Унија одблиску го следи судскиот случај со Кежаровски, но не коментира за индивиудални случаи. - Медиумската слобода е екстензивно покриена во извештајот за напредокот на поранешната југословенска република Македонија, истакнувајќи ги проблематичните области како владиното рекламирање, необјективното медиумски известување за време на избори, улогата на јавниот сервис и...

Европската комисија најави уште 1,8 милијарда евра помош за Украина

Европската комисија (ЕК) е подготвена да издвои дополнителни 1,8 милијарда евра помош за Украина, изјавил претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. „Солидарноста со Украина не е обична приказна. Укранина не е сама. Европа стои цврсто обединета зад Украина и ја подржува реформската програма на нејзината влада. Нашите постапки зборуваат погласно од нашите зборови“, истакнал Јункер во соопштението објавено во...

ЕУ бара Хамас да се врати на листата на терористички организации

Европска Унија и понатаму ја смета Хамас за терористичка организација и планира да ја обжали одлуката на Општиот суд на ЕУ да се отстрани од црната листа, соопшти денеска Европската комисија. Комисијата во соопштението наведува дека одлуката на судот е правна и оти не станува збор за политичка одлука која се однесува на владата на Унијата. Таа додаде дека ЕУ во...

Делегација на СДСМ се сретна со известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл

Делегација на СДСМ, предводена од претседателот Зоран Заев, се сретна со известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл. Претседателот Заев изразил подготвеност за унапредување на досегашната соработката и му посака успешна работа на новиот известувач. Во името на СДСМ, но и на сите граѓани на Македонија, претседателот Заев се заблагодарил за поддршката на Европскиот парламент за Република Македонија. На средбата...

ЕК ќе додели 180 милиони евра за сириските бегалци

Европска Унија ќе обезбеди 180 милиони евра помош за внатрешно раселените лица во Сирија, како и за сириските бегалци во Либан и во Јордан, соопшти Европската комисија. Како што се наведува во соопштението на ЕК, 41 милиони евра од вкупната сума се наменети за бегалците во Сирија, 66 милиони евра за бегалите во Јордан, додека 73 милиони евра се за...

Бизнисмените бараат да бидат консултирани при носењето закони

Македонските бизнисмени бараат од владата стопанските комори задолжително да бидат консултирани пред да се донесуваат законски прописи од значење за економијата, поголема правна сигурност, како и продолжување на реформите на пазарот на трудот за што е можно поголемо намалување на невработеноста. Бизнисмените на средбата со вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими, оценија дека економскиот дел од извештајот на Европската комисија(ЕК) е...

Ние намаливме на 50, ЕУ размислува за зони со максимални 30 километри на час

Педесет километри на час во урбани средини, како што предвидува новиот закон за сообраќај кај нас, веќе неколку години е практика во сите земји-членки на ЕУ, и во некои кои не се дел од Унијата. Европскиот парламент минатата година усвои документ со кој бара од Европската комисија да ги провери можностите оваа граница да биде спуштена за уште 20...

Денеска ќе се знае дали ќе има забрана за увоз на пилешко од Холандија

Агенцијата за храна и ветеринарство до крајот на денот ќе соопшти дали ќе воведе забрана за увоз на пилешко месо од Холандија, по информацијата дека вчера на една фарма во селото Хекендорп, централна Холандија, откриен е високо патоген вид птичји грип смртоносен за живината, а од него, како што информираа холандските власти, може да се заразат и луѓето. Холандија во 2003...

ЕК: Македонската економија со најдобар раст во регионот

Европската комисија оцени дека надолниот тренд на балканската економија се должи на забавениот раст и рецесијата во Србија и во Албанија во изминатите неколку месеци, јавува „Б92“, повикувајќи се на новинската агенција „Бета“. Со тоа се потврди дека кревко било закрепнувањето кое почна во 2013 година. Ова се наведува во најновата економска анализа на ЕК, во која увид имала агенцијата...

Ферхојген: ЕУ мора да направи нешто против заморот од проширување

Поранешниот европски комесар за проширување, Гинтер Ферхојген, денеска во Братислава порача дека Европска Унија мора да направи нешто против заморот од проширување и јасно да каже дека тој процес не беше оптоварување за старите земји-членки, туку дека од него корист имаа сите, пренесуваат медиумите. - Треба да им се порача на европските земји кои сè уште не се дел од Унијата,...

Хрватска и официјално со најлоши економски прогнози во ЕУ

Хрватска има најлоши економски прогнози од сите членки во Европска Унија, се наведува во есенските прогнози на Европската комисија, а прогнозираниот пад на домашниот бруто-производ (БДП) е зголемен од 0,6 на 0,7 отсто за оваа година. Зголемена е и процената на стапката на невработеност, од минатогодишните 17,3 отсто на 17,7 отсто, јавуваат хрватските медиуми. Европската комисија најдобра оцена даде за ирската економија,...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...