fbpx

„Њујорк тајмс“: Владата обвинета дека прислушувала, а премиерот молчи

-

„Националната безбедносна служба (Управата за безбедност и контраразузнавање н.з.), постапувајќи по наредба на конзервативната и сè повеќе авторитарна влада на Македонија, стоела зад скандалот со прислушување, кој ја доведе малата земја на работ од бездната“, пишува угледниот  „Њујорк тајмс“, во воведниот дел од текстот по повод извештајот на независниот експертски тим на Европската комисија, кој беше објавен во петокот, минатата недела.

Весникот, меѓу другото, го нотира и фактот дека по објавувањето на извештајот нема никаква реакција од владата и од премиерот Никола Груевски.

„Господинот Груевски, кој молчеше 24 часа по објавувањето на извештајот, беше далеку од апологетичен додека зборуваше на прославата на годишнината на неговата партија, во саботата вечерта. Тој обвини неименувана организација, најверојатно странска разузнавачка служба, која платила голема сума пари на луѓе што имале можност да направат голем број снимки од прислушувани разговори со намера „брутално да ја уништат“ неговата партија и „да влеат страв меѓу народот“, пишува „Њујорк тајмс“.

Освен детали од експертскиот извештај, американскиот весник прави осврт на последната рунда од разговорите меѓу лидерите на политичките партии од петокот минатата недела, скицирајќи ги позициите на главните актери во нив, премиерот Никола Груевски и лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...