Европската комисија реагираше на новиот закон со кој им се обезбедува привремена заштита на мигрантите и на бегалците што поминуваат низ Македонија.
– Го нотираме новиот закон за азил и привремена заштита за мигранти кој стапи на сила на 20 јуни. Законот ќе им овозможи на мигрантите да побараат од секој полицаец апликација со која се регулира нивниот транзит низ земјата и им се овозможува безбеден транзит низ земјата. Нотираме дека ефектот на законот ќе им обезбеди легален транзит на мигрантите/барателите на азил/бегалците и ќе резултира со намален број на експлоатација од криминалци и од шверцери – рече Маја Коцијанчич за „Мета“.
Т.М.