fbpx

Одржана првата видеоконференција за бегалската криза

-

Денеска балканските координатори за бегалската криза ја одржаа првата видеоконференција, како што беше договорено во понеделеникот на самитот на лидерите на земјите од западно-балканската рута, сооошти вечерва Европската комисија.

Како што информираат од ЕК, Грција на денешната видеоконференција дала извештај за начинот на кој ќе прими 50.000 бегалци, односно дека од вкупната бројка, 20.000 луѓе ќе бидат сместени во семејства, а трошоците ќе бидат намирени во соработка со Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

И другите земји од западно-балканската рута соопштиле колкави се нивните капацитети и колку бегалци можат да примат од дополнителната бројка од 50.000 луѓе.

Така, Австрија рекла дека ќе прими 5.000, Србија 3.000, Хрватска 2.000, Словенија 2.000 или вкупно 12.000 луѓе.

Од Европската комисија нема информација за капацитетот на Македонија и дали нашата земја понудила дека ќе прими 2.000 бегалци, како што предходно најави претседателот, Ѓорге Иванов.

Координаторите, како што е договорено, ќе имаат видеоконференции секоја недела, на која ќе ги разменуваат своите искуства и иницијативи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...