fbpx

За Иванов извештајот на Европската комисија е објективен

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими амбасадорот на Европската унија во Македонија, Аиво Орав.

Орав на Иванов му го врачи извештајот за напредокот на Република Македонија за 2015 година и го информира за клучните оцени содржани во документот подготвен од Европската комисија.

Иванов оценил дека и годинешниот извештај на Европската комисија дава објективна слика на актуелните состојби во повеќе области во Република Македонија.

„Имајќи ја предвид огромната поддршка која интегративниот процес ја има од граѓаните на Република Македонија, политичкиот, меѓуетничкиот, социјалниот и, всушност, целокупниот општествен консензус за интеграцијата во ЕУ, трансформирачката моќ која ја има самиот процес, недвосмислено упатува на неопходноста со максимална сериозност сите општествени и политички фактори во земјата својата енергија да ја насочат кон надминување на забелешките од извештајот. Граѓаните на Република Македонија имаат потреба реформските процеси за достигнување на стандардите и за исполнување на критериумите да бидат највисок приоритет во наредниот период“, рече претседателот на средбата.

Иванов на средбата ја посочил неопходноста за промена на статус кво состојбата во контекст на отворањето на пристапните преговори за членство.

– Крајно време е Република Македонија да ги почне пристапните преговори за членство во Европската унија. Треба објективно да се согледаат последиците од предолгото чекање. Политичките кризи се повторуваат и, за жал, секоја следна криза е со посилен интензитет и со поопсежни последици – истакна Иванов.

Во однос на Договорот од 2 јуни и протоколот од 15 јули, усогласени од лидерите на политичките партии, како што се наведува во соопштението, Иванов истакнал дека договорените решенија треба да бидат доследно спроведени и оти треба да се надминат политичките надмудрувања и дневно-политичките игри.

– Во иднина очекувам политичкиот дијалог да се остварува во институциите на системот, со доверба во истите и со нивно целосно и безусловно почитување – порача Иванов, додавајќи дека Македонија ја очекува интензивен период на политичката сцена и повикувајќи на одговорно однесување од сите политички актери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...