fbpx

Схинас: Европската комисија е таа што ги натера земјите да комуницираат за кризата

-

Европската комисија денеска ги отфрли обвинувањата дека не прави доволно за да се надмине недостигот од комуникација меѓу македонските, грчите и европските институции во справувањето со бегалската криза.

– Да ве потсетам, дека до 25 октомври, кога Комисијата ја организираше лидерската средба за менаџирање на напливот на бегалци на балканската рута, немаше никаков воспоставен систем на комуникација меѓу земјите што се опфатени со проблемот. Ќе повторам, тоа беше на 25 октомври. Моравме да организираме лидерска средба за да ги принудиме луѓето да бидат во иста соба и да разговараат меѓу себе. И бидејќи знаевме дека ова ќе мора да продолжи, а не да биде само една средба, договоривме контакт-мрежа, средби, кои се одржуваат еднаш неделно. Со тоа луѓето не се гледаат само едни со други на видеоконференција, туку и се дообјаснуваат. Затоа не го прифаќам вашиот критицизам за Комисијата, затоа што ако некој нешто направил за да го реши проблемот со недостиг од комуникација, тоа сме ние – рече портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас.

Во однос на Фронтекс, портпаролката Наташа Берто потсети дека на лидерската средба било договорено припадниците на агенцијата на ЕУ за надгледување на надворешните граници да бидат присутни во Грција и да ги надгледуваат границите на земјата-членка. Таа истакна дека Фронтекс во моментов работи на правниот договор за испраќање припадници во Грција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...